• Latest

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

Еве Резолуција, да ги утврдиме нашите црвени линии за да укажеме јасно и гласно дека сите треба да бидат чесни кога кажуваат какви се политиките, а не да се користат со лаги и манипулации за скриено да протуркаат некоја своја политика која очигледно не не води никаде, рече Филипче

September 1, 2025 13:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добро е да знаеме на што сме. ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт и тоа го повторуваме цело време, апсолвирано е тоа прашање, со лажна кампања. Ветуваа подобри преговарачки позиции, а не спомнаа дека преговорите ќе запрат. Сега практично се запрени, ништо не се случува. Од една страна ништо не се случува ниту со реформската агенда, нема носење реформски закони во Парламентот, ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од цела ЕУ, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата за преговори со ЕУ,  изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања зошто премиерот Мицкоски ја отфрли Резолуцијата, Филиче вели дека Владата бара изговори.

– Едно е да бараат изговори, а тоа го прави Владата. Прво бараа да има одложено дејство на уставните измени, видоа дека не може. Цела Европа им кажа дека тоа е невозможно. Бараа Бугарија да прифати пресуди на Судот за човекови права во Стразбур и тоа видоа дека не може да го изменаџираат. Не гледаме дека нешто се трудат околу тоа да направат, нема дипломатска активност на таа тема. Министерот за надворешни работи зборува за роаминг и ништо друго. Очигледно е дека се конзистентни кон тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме. Ќе се бориме поради тоа што е единствената иднина за нашата земја и ќе ставиме на масата. Еве Резолуција, да ги утврдиме нашите црвени линии за да укажеме јасно и гласно дека сите треба да бидат чесни кога кажуваат какви се политиките, а не да се користат со лаги и манипулации за скриено да протуркаат некоја своја политика која очигледно не не води никаде, рече Филипче по посетата на ОУ „Киро Глигоров“ во општина Центар.

Најави дека ќе го видат документот оваа недела и додаде оти ќе разговараат за следните чекори. – Ако има чесен пристап од страна на власта, ќе седнат и ќе разговараат, дали на лидерска средба, дали во Парламентот, дали најголемите политички партии. Ова е едно од најважните прашања за иднината и за напредокот на земјата. Сметам дека не смее ништо да не се случува, ниту пак да се става од страна вака како тоа што го прави Владата, рече Филипче.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се црвените линии кои ќе ги предложат во Резолуцијата, Филипче рече дека разработуваат еден детален документ и оти во теков на неделава ќе го презентираат пред јавноста и пред сите политички партии.

Прашан за лидерска средба, Филипче изјави дека тоа секогаш е отворена понуда затоа што најважните прашања за државата така треба да се решаваат.

– Никој од другите политички чинители не прифатија повеќе апели наназад. Еве сега ќе го покажeме во јавноста документот, па нека знаат граѓаните кој е за Европа, а кој не е, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ рече дека не се распродадени македонските национални интереси и додаде оти тоа е само една лажна кампања.

– И сметам дека не треба да ја продолжувате, не треба да ги лажете граѓаните поради тоа што е сериозна работа, со која ги загрозувате националните интереси на државата, рече Филипче.

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека е лицемерен по објавата за инвестицискиот „бум“, Филипче рече дека излегуваат со бројки и со аргументи.

– Гледаме дека во првите шест месеци лани странските инвестиции биле над 500 милиони евра, а сега се 220 во првите шест месеци годинава. Ете ги резулатите од економските политики на Владата. Вчера премиерот кажува дека има раст на индустриското производство, а не кажува дека само станува збор за разлика во цените поради тоа што сите репроматеријали и се што се користи во индустриското производство е поскапено. Од тука произлегува зголемувањето на цените, не е физички зголемено индустриското производство, нема повеќе производство. За жал гледаме катастрофални политики, политики на негрижа кон граѓаните, на секое ниво. Цените во маркетите не се под контрола, платите никако не растат. а со лозарите вчера го коментиравме проблемот. Вие може да излезете и да кажете било што, но луѓето знаат колку пари добиваат секој први и колку можат да им купат на децата, подвлече Филипче.

Филипче на наставниците, на учениците и нивните семејства им посака успешна учебна година.

Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во Фејсбук објава, истакна дека од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата, да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата.

-Изминатите години видовме што значи политика на брзи потези и празни ветувања. СДС и ДУИ со секое ветување отвораа надеж, а со секој притисок ја поништуваа таа надеж. Заедничките документите што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик, нагласи Муцунски.

Тој вели дека патот што сега го поставуваат е поинаков, работат на решениа, кои носат траен напредок.

-Нашиот пат е поинаков. Работиме на решенија што носат траен напредок – не на блокади што се повторуваат. Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре, нагласи Муцунски.

Тој додаде дека разликата е во тоа што за актуелната власт европската иднина не е празна фраза.

-Има уште една важна разлика. За нас европската иднина не е празна фраза – таа значи борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта, инфраструктура и нови можности за граѓаните. Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор. Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ, нагласи Муцунски.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ