• Latest

Локални избори 2025: Избирачкиот список на увид до 11 септември, ДИК надлежна за заштита на податоците од злоупотреби

September 3, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Локални избори 2025: Избирачкиот список на увид до 11 септември, ДИК надлежна за заштита на податоците од злоупотреби

September 3, 2025 15:12
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија го започна јавниот увид во Избирачкиот список на 23 август, клучен процес кој гарантира дека секој граѓанин ќе може да го оствари своето право на глас.

По распишувањето на изборите, Министерството за внатрешни работи ги достави податоците за граѓаните до ДИК, вклучувајќи единствен матичен број (ЕМБГ), за да се обезбеди точноста на Избирачкиот список. Јавниот увид започнува ќе трае до 11 септември, на полноќ.

МВР на 12 септември доставува, листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по било кој основ од денот на распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК податоците за овие лица ги впишува во Избирачкиот список по службена должност.

Во овој период, граѓаните можат да поднесуваат барања за запишување, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список. Барањата се поднесуваат писмено во подрачните одделенија на ДИК, месните канцеларии, или по електронска пошта, а при тоа треба да се приложат потребните докази.

Лицата во притвор или затвор, како и оние кои користат услуги на установи за вонсемејно згрижување, ќе имаат посебен пристап до увид во Избирачкиот список, со посредство на надлежните органи.

ДИК е должна да одлучи по барањата во рок од 24 часа, додека против одбивањето на барањето граѓанинот или политичката партија може да поднесе тужба до Управниот суд, кој исто така треба да одлучи во рок од 24 часа.

По завршувањето на јавниот увид, политичките партии ќе добијат увид во Избирачкиот список, а ДИК ќе изврши сите неопходни промени и ќе го заклучи списокот најдоцна на 26 септември. Потпишаниот и финализиран Избирачки список ќе биде достапен најдоцна на 3 октомври, пред денот на изборите.

Подрачните одделенија на ДИК, чии адреси се објавени на веб страната на Комисијата, и кои ќе бидат отворени од 8 до 20 часот непрекинато и за викенд и за празници. Последниот ден од увидот на 11 септември подрачните одделенија на ДИК ќе бидат отворени до полноќ.

Според информациите на ДИК заклучно со 28 август, 1712 граѓани направиле увид  во Избирачкиот список , еден граѓанин поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење.

За гласачите е битно да знаат дека ДИК е надлежна според Изборниот законик да ги заштити податоците од Избирачкиот список кои не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на гласачкото право на граѓаните. Законот предвидува регистрираните политички партии, коалициите и независните кандидати, односно овластените претставници и нивните заменици на подносителите на листа на кандидати да не можат да ги користат Избирачките списоци на денот на изборите за евидентирање на лицата кои гласале.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ