• Latest

Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори пред членовите на Комисијата за политички систем

September 5, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори пред членовите на Комисијата за политички систем

September 5, 2025 08:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-декларацијата за одржување на фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на градот Скопје поднесена од претседателот на Собранието Африм Гаши е на денешната седница на  Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлог-декладарацијата е на дневен ред и на собраниската Законодавно правната комисија.

Во Предлог-декларацијата, објавена на собраниската веб-страница, се посочува дека во пресрет на изборите што ќе се одржат на 19 октомври, Собранието го изразува своето натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори. Се посочува дека Собранието се залага за доследно почитување на уставното право, граѓанинот да го оствари своето избирачко право непосредно, на слободни избори со тајно гласање, а најостро го осудува семејното и групното гласање, како можност за манипулирање со гласовите на граѓаните и влијание врз изборните резултати.

– Собранието дава целосна поддршка на Државната изборна комисија и на другите органи и институции за организирање и спроведување на фер, слободни и демократски избори преку обезбедување услови за слободно изразување на волјата на граѓаните, без страв, притисок, дискриминација, закани или манипулации. Дава целосна поддршка за обезбедување независно и ефикасно набљудување на целиот изборен процес, од страна на домашните и странски организации, здруженија и медиуми, согласно закон, правилата за набљудување на изборите на Државната изборна комисија и меѓународните стандарди.  Укажува на потребата од фер и демократска изборна кампања, при што го нагласува значењето на политичката толеранција и почитта меѓу различните политички и идеолошки опции на учесниците во изборниот процес и во таа насока особено го осудува говорот на омраза, насилството и дискриминацијата. Укажува на значењето на значењето на медиумите и на медиумското претставување, при што го нагласува значењето на учесниците во изборната кампања за промовирање на нивните кандидати, политики и ставови. Во оваа насока ја нагласува потребата од обезбедувањето фер пристап до медиумите на сите учесници во кампањата, а најостро ги осудува кампањите што шират дезинформации и невистини, со цел да се дискредитира некоја личност, институција, политичка партија или организација, пишува во Предлог-декларацијата.

Како што се посочува во Предлог-декларацијата, се осудува секаков облик на изборна корупција, злоупотреба за партиски цели на државни ресурси и институции, поткуп и уцени и било какво друго однесување на учесниците со кое може да се доведе во прашање почитувањето на демократските вредности и стандарди во целиот изборен процес.

Гаши на последниот понеделнички брифинг со новинарите ја најави Предлог-декларацијата, која се очекува да биде изгласана на пленарната седница закажана за 12 септември.

– Мислам дека тоа ќе биде добра и позитивна порака до граѓаните од сите политички актери дека се обврзале на фер и демократски избори. Ако се потпишат сите координатори на пратеничките групи, на седницата на 12 септември ќе биде ставена на дневен ред. Декларацијата е со општи теми. Повикуваме на фер и демократски избори, сите актери да се обврзат да се придржуваат до законите за да има фер и демократски избори. Штом ќе се договориме за текстот, пред да биде донесена, ќе ја пуштиме до вас медиумите за да ја видите, рече тој.

Гаши нагласи дека со Декларацијата како Собрание ќе испратат посилна порака и до граѓаните и до сите политички актери.

– Мислам дека првпат се работи за ваква Декларација. Јас ја видов хронологијата на декларациите. Мислам дека е побитно ако испратиме порака од страна на Собранието, отколку кога политичките партии одат во ДИК и ги потпишуваат. Пораката ќе биде посилна, пообврзувачка, кога ќе се донесе на пленарна седница. Мислам дека сите ќе бидеме поодговорни ако ја донесеме во Собрание. Една интенција плус, намера плус да дадеме тежина на тие демократски избори, рече тој.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ