Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер, давајќи му ја тешката задача да се обиде да најде консензус во поделениот парламент и да го усвои буџетот за 2026 година, пренесува Си-ен-ен.
Претходно во понеделникот, премиерот во заминување Франсоа Бајру поднесе оставка, која Макрон ја прифати. Тој беше принуден да се повлече по само девет месеци на функцијата, поради неговиот неуспех да исполни едно централно ветување: да протурка непопуларен план за ублажување на растечкиот дефицит на Франција.
Пред гласањето за доверба, Бајру ги предупреди пратениците дека неговото разрешување нема да ги реши проблемите на земјата.
„Вие имате моќ да ја соборите владата, но немате моќ да ја избришете реалноста“, рече тој. „Реалноста ќе остане немилосрдна: трошоците ќе продолжат да растат, а товарот на долгот, веќе неподнослив, ќе станува се поголем и поскап.“
Лекорну сега се соочува со двоен предизвик да ја извлече Франција од нејзината финансиска мочуриште, додека води влада подготвена за масовни протести. Националните демонстрации и блокадите на автопатите се закажани за среда, по што ќе следи поширок штрајк предводен од синдикатите на 18 септември.
Д. Мишев