• Latest

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

September 11, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

September 11, 2025 09:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување.

Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски како тогашен лидер на опозицијата, од власта бараат одговорност, а од опозицијата декласификација на документацијата.

– Нека појдат пратениците во сите агенции, и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), кажав што имав да кажам, нема што повеќе да зборувам, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Тој претходно во говорот на централната свеченост по повод Денот на независноста рече дека мора да има одговорност и дека не е прашањето дали да се декласифицираат документите, туку да запре прислушувањето.

– Се следи и прислушкува од 90-тите години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење, рече Мицкоски.

Од опозицијата бараат декласификација на документацијата и најавија дека на прес-конференција ќе ја обелоденат вистината за АНБ.

– Во законот јасно пишува дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ. Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност, истакна лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“.

Директорот на АНБ Бојан Христовски изјави дека целата документација е предадена на Обвинителството, а оттаму на 5 септември информираа дека тим од истражители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) биле во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување при што била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата со која располага АНБ, а која се однесува на наводите содржани во известувањата доставени до ОЈО ГОКК.

По објавувањето на информациите за прислушувањето, прашањето беше иницирано и во собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР кои вчера одлучија да извршат надзорна посета во АНБ и АР.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ