• Latest

ЈП Дрисла: Не сме одговорни за загадувањето, се сомневаме во политички мотивирани потпалувачи

September 12, 2025

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЈП Дрисла: Не сме одговорни за загадувањето, се сомневаме во политички мотивирани потпалувачи

September 12, 2025 14:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЈП Дрисла денеска преку пишано соопштение апелира до МВР да ги најде и санкционира потпалувачите на пожарите во депонијата, за кои, како што се наведува, има сомненија дека се политички мотивирани. Од Дрисла тврдат дека работат според предвидените процеси и стандарди и оти тие не се причина за загадувањето.

– Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се сомневаме дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми. Депонија Дрисла без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди, стои во соопштението од ЈП Дрисла.

Тврдат дека Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување.

– Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи, наведуваат од ЈП депонија Дрисла Скопје.

Нелегалната депонија Вардариште е обезбедена, а депонијата Дрисла иако во текот на вчерашниот ден беше речиси санирана, од некои чудни причини при крајот на ноќта повторно се распламти. Затоа со тоа денеска ќе се позанимава Министерството за внатрешни работи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за проблемите со загадувањето на воздухот, што изминатите денови го предизвикаа депониите Вардариште и Дрисла, а граѓаните од неколку скопски населби и утринава се пожалија дека има чад.

Премиерот Мицкоски за депонијата Дрисла рече оти имал разговор и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дека е на линија и со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочи дека на депонијата е ангажирана и градежна механизација од општествено одговорни компании. Тој очекува денеска или утре проблемот да се санира.

-Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена би рекол, за недела дена ќе успееме да го санираме. А јас сочувствувам апсолутно со секој оној граѓанин, којшто го чувствува сето ова. Но, чудно е, чудно е како одредени Јавни претпријатија, каде што свои кадри има Демократската унија за интеграција се случуваат вакви работи. Чудно е и тоа ќе го истражиме, ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни докази, како може пожар, којшто беше речиси смирен, односно ставен под контрола, но наеднаш  да се распламти и како токму сега, откако успешно се справивме со пожарите во околните држави имаше жртви, повредени, иселени градови итн, кај нас сето тоа цело лето беше успешно завршено, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека и покрај диверзиите, коишто како власт ги имале на почетокот на летото, наеднаш сега се случуваат пожарите на депониите во Скопје и тоа пред локалните избори.

-Вистинското прашање и вистинскиот одговор на тоа прашање колку сето ова на некој му одговара. Но, ние нема да се занимаваме сега, сега работиме да го решиме проблемот. Потоа ќе се занимаваме и да знаете дека сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата, рече Мицкоски.

Што се однесува за депонијата Вардариште од вчера е ангажирана приватна Агенција за обезбедување од страна на општините и како што рече Мицкоски „апсолутно, како Влада и како институции ги преземаат сите мерки“.

-За Вардариште знаете дека имаме веќе приведени осмоничени лица, кои ја користеле илегалната депонија Вардариште, а  постои повеќе би рекол од неколку децении. Таа е со габарит поголем од 20 хектари, за да произведуваат метали, коишто потоа нелегално ги продавале. Тие лица се откриени и тие лица се приведени. Од вчера има приватна Агенција за обезбедување здружено ангажирана од неколку општини. Истовремено како Влада и како институции преку општествено одговорни компании обезбедивме градежна механизација, којашто веќе денеска ќе биде во полн состав таму. Вардариште би рекол е обезбедено, рече премиерот Мицкоски, по потпишувањето на „Декларација за Македонија на граѓаните и за општините што создаваат иднина“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ