Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк.
– Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор, рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз.
Трамп додаде дека осомничениот бил „некој многу близок со него“, и оти повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот, пренесува Си-Ен-Ен.
Изјавата на Трамп доаѓа по дводневна потрага по осомничениот. Во средата властите испрашаа и ослободија две лица во врска со убиството на Чарли Кирк.