• Latest

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025 09:34
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието вчера попладне со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на Градот Скопје.

Декларацијата беше поднесена од претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во неа, Собранието изразува натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори што заедно со владеењето на правото и почитувањето на човековите права и основни слободи се основните столбови на демократското општество, а се залага за доследно почитување на уставното начело, граѓанинот своето избирачко право да го оствари непосредно, на слободни избори со тајно гласање, а најостро го осудува семејното и групното гласање, како можност за манипулирање со гласовите на граѓаните и влијание врз изборните резултати.

Собранието, исто така, ја потврдува својата заложба за општество со еднакви можности за учество во политичките процеси, во кое секој граѓанин преку развој на демократските процеси и институции има еднаква можност да учествува во одлучувањето, дава целосна поддршка на Државната изборна комисија и на другите органи и институции за организирање и спроведување на фер, слободни и демократски избори преку обезбедување услови за слободно изразување на волјата на граѓаните, без страв, притисок, дискриминација, закани или манипулации, како и целосна поддршка за обезбедување независно и ефикасно набљудување на целиот изборен процес, од страна на домашни и странски организации, здруженија и медиуми, согласно закон, правилата за набљудување на изборите на Државната изборна комисија и меѓународните стандарди.

Се укажува на потребата од фер и демократска изборна кампања, при што го нагласува значењето на политичката толеранција и почитта меѓу различните политички и идеолошки опции на учесниците во изборниот процес и во таа насока особено го осудува говорот на омраза, насилството и дискриминацијата, се укажува на значењето на медиумите и на медиумското претставување на учесниците во изборната кампања за промовирање на нивните кандидати, политики и ставови. Во оваа насока ја нагласува потребата од обезбедувањето фер пристап до медиумите на сите учесници во кампањата, а најостро ги осудува кампањите што шират дезинформации и невистини, со цел да се дискредитира некоја личност, институција, политичка партија или организација.

Собраниската декларација осудува и секаков облик на изборна корупција, злоупотреба за партиски цели на државни ресурси и институции, поткуп и уцени и какво било друго однесување на учесниците со кое може да се доведе во прашање почитувањето на демократските вредности и стандарди во целиот изборен процес.

Претседателот на Собранието Африм Гаши пред пратениците порача дека со Декларацијата парламентот испраќа силна и јасна порака за обединување над партиските разлики за изразување на силната волја да гарантираат слободни, фер и демократски избори.

– Оваа Декларација која посакувам да ја усвоиме едногласно не е само формален чин, туку е израз за определбата на Собранието, на сите партии, и на сите пратеници, на нашите граѓани да им обезбедат еднакви и рамноправни услови за слободно да ги изберат своите претставници во општините и главниот град. Сакаме избори каде политичкиот натпревар ќе се одвива без инциденти и конфликти, без притисоци и страв, без омаловажување и навреди, туку во здрава демократска средина. Сакаме волјата на граѓаните да биде изразена јасно, слободно и чесно бидејќи само на овој начин изборите ќе имаат целосен легитимитет. Само на овој начин волјата на граѓаните целосно ќе се одрази во однос на тоа кој ќе ги претставува во следните четири години, рече Гаши.

Според него, Собранието во овој важен момент испраќа јасна порака – ние сме обединети за да прикажеме многу повисока политичка култура што сакаме да ја видиме во предизборната кампања и сакаме таа да биде исполнета со идеи, програми и визии, а не со поделби, навреди, или говор на омраза.

– Оваа Декларација да биде водилка за сите нас, партиите, институциите, медиумите и пред сè за нашите граѓаните за изборите на 19 октомври бидат пример за консолидирана и зрела демократија. Имаме обврска да покажеме дека нашата демократија созрева и дека см, е способни да се натпреваруваме без страв и насилство, порача Гаши.

Скендер Реџепи од опозицискиот Европски фронт, кој се јави прв за збор, рече дека нема да ја поддржи Декларацијата, оценувајќи дека е само празен лист што нема никакво значење во практичниот живот затоа што точките што ги содржи немаат никаква врска со реалноста, наведувајќи меѓу останатото дека „има луѓе кои ќе изгубат на изборите кои сценираат меѓуверски инциденти меѓу Албанците“.

– Ако молчиме за ова како мислиме дека ќе имаме фер и демократски избори. На јавноста треба да и биде јасно дека со оваа одлука Собранието има потреба за изборна кампања и во таа насока ги осудува говорот на омраза, но во последните денови имам јавен повик за насилство, дискриминација дури и војна со Албанците, рече Реџепи, оценувајќи дека нема осуда од институциите.

Му реплицираше Аднан Азизи од Влен наведувајќи дека институциите имаат точни информации, како што рече, за бегалецот, кој се наоѓа на црната листа, како и за тоа дека имаше обиди за дестабилизација и обид од сомнителни групи да запалат верски објекти.

– Овие информации ги има и државата. Не биди измамник говорејќи во име на Албанците и верниците, рече Азизи.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ, исто така во реплика на Реџепи посочи оти очекувал Декларацијата да биде акламативно усвоена за да се поддржи изборниот процес каков треба да биде.

– Потпишана е од сите координатори и го гледаме кандидатот за градоначалник на град Скопје со различно мислење од Европски фронт. Се прашувам Блерим Реџепи ли е во право кога го потпиша ова во име на Европски фронт или Скендер Реџепи кој наоѓа замерки и кој имаше говор за 20 октомври, ден после избори кога ќе треба да ги каже причините зошто изгубил, рече Мицевски.

Координаторот на Европски фронт Блерим Беџети, пак, наведе дека ја потпишуваат Декларацијата за да дадат шанса на процесот за фер и демократски избори, но, посочи, не декларативно, тоа треба да биде и во практика. Меѓу останатото, побара обвинителот да каже „кои се тие луѓе ангажирани од соседна држава да запалат џамија во Тетово“.

За време не дебатата пратениците од албанскиот блок разменуваа недолични зборови. На ваквите излагања реагираше Фатмир Битиќи од СДСМ кој побара 10-минутна пауза, како што рече, за да се врати достоинството на Собранието. Посочи дека точката се однесува за одржување на фер и демократски избори и оти „неколку дена пред почетокот на кампањата не е во ред да се дебатира со ваков речник“.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците рече дека ќе гласа за Декларацијата, но оцени дека „изборите ќе бидат антидемократски затоа што, како што рече, имаме привилегирани граѓани со право глас кои имаат импакт во одредување на бројот на советници и дискриминирани граѓани кои немаат импакт“.

Поддршка во име на ЗНАМ изнесе пратеничката од оваа партија и потпретседателка на Собранието Весна Бендевска. Таа критикуваше дека во расправата никој од пратениците не говорел за точките од Декларација и порача дека фер и демократски избори се оние кои ќе резултираат со резултат во согласност со слободната волја на граѓаните. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ