Денес повторно граѓанките и граѓаните на скопските населби Аеродром и Ново лисиче се собраа на зборното место на раскрсницата пред паркот Авионче на протест против загадениот воздух кој секојдневно ги труе и доаѓа првенствено од дивата депонија Вардариште, но и од други депонии, вклучително и Дрисла.
Покрај досегашните транспаренти, денес имаа и доплолнителен декор, во позадина се гледаше како се извива густ чад кој доаѓа од пожарот кој избувна во фабриката „Нула Отпад“ (каква иронија) во Трубарево. Освен визуелниот ефект, густиот чад влијаеше и на органите за дишење На протестот можеа да се прочитаат пароли: Премиерот дише ист воздух или има друг, Меѓу две депонии умира еден град, загадувањето е само визуелно-умирањето е реалнос, Не сакам да гледам што дишам…

„Среќа што на камера не се осеѓа како смрди,“ коментира еден од насобраните граѓани.

Еден од присутните граѓани со кој разговаравме, изрази разочараност од слабата посетеност на протестот:
„Зарем не им пречи ова што го дишат, по еден човек од стан да излезеше, ќе направевме поголем притисок, кажа учесникот на протестот“, вели учесник на протестот.
Драган Мишев