Судија во државата Њујорк отфрли две обвиненија за тероризам против Луиџи Манџоне, наводниот убиец на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, пренесува Би-би-си.
Судијата Грегори Каро, исто така, пресуди дека обвиненијата за убиство од втор степен против Манџоне можат да останат на рочиштето во вторник наутро.
Тој рече дека обвинителите не успеале да утврдат дека има доволно докази за да ги оправдаат обвиненијата за убиство поврзано со тероризам што ги побарале против Манџоне.
Манџоне е обвинет за пукање во Томпсон на прометна улица на Менхетен во декември минатата година.
Покрај кривичната постапка во државата Њујорк, Манџоне се соочува и со федерални обвиненија за убиство, што може да доведе до смртна казна.
Д. Мишев