ВЕСТ НА ДЕНОТ
ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за Локалните избори;
Државната изборна комисија(ДИК), Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Државниот завод за ревизија (ДЗР), потпишаа Меморандум за соработка во пресрет на претстојните Локални избори, со што ја продолжуваат одличната професионална и стручна соработка, информираат од ДИК.
Со овој Меморандум трите институции ја зацврстуваат својата определба за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено постапување по утврдени неправилности.
Посебен акцент е ставен на транспарентноста во финансирањето на изборната кампања преку редовна размена на финансиски извештаи, како и на заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива со цел спроведување слободни, фер и демократски избори.
ИНТЕРВЈУ
Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)
Во првиот дел од ексклузивниот и исто толку експлозивен разговор со проф. д-р Оливер Андонов од Воената академија во Скопје и еден од основачите на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, се фокусираме на домашниот политички контекст и на анализите што предизвикуваат внимание во јавноста.
РЕГИОН
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа
Српските власти и руската државна корпорација „Росатом“ започнаа разговори за проектот за изградба на нуклеарна централа во Србија, изјави српскиот амбасадор во Москва, Момчило Бабиќ, објави „Biznis.rs“.
СВЕТ
Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа
Видео снимките покажуваат тенкови, булдожери и оклопни транспортери како се движат по рабовите на Шеик Радван, во северниот дел на Газа. Густи облаци од чад може да се видат додека израелските сили пукаат со артилериски гранати и чадни бомби за да го покријат своето напредување.
ФОРУМ
ПРАВ(Д)А
– Ние едногласно ги поддржавме измените на Кривичниот законик со кои фемицидот се препознава и се третира како кривично дело. Бараме од надлежните институции да ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот, се вели во заедничката изјава.
Д. Муратов