Неколку медиуми објавија дека ВМРО-ДПМНЕ е драстично пред СДСМ еден месец пред локалните избори во Македонија, покажува анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), изработена за потребите на МРТ. Според резултатите, 42,6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека за СДСМ се изјасниле само 7,9%. Левица има 7,8%, а останатите партии и независни листи добиваат минимална поддршка.
Кога пак се прашани која партија најдобро би се справила со проблемите во нивната општина, повторно убедливо води ВМРО-ДПМНЕ со 40,1%, пред Левица со 9% и СДСМ со 8,4%.
Но, иако бројките изгледаат впечатливо, отворени се неколку прашања:
– Колку е релевантна оваа анкета, со оглед дека е направена за јавниот сервис МРТ?
– И најважно: дали ваквите анкети ја прикажуваат реалноста или се дел од политички маркетинг за создавање перцепција на „сигурен победник“?
Во телефонската анкета за Град Скопје спроведена во септември 2025 година, подготвена од ИПИС за потребите на МРТ во која учествувале 1017 испитаници со маргина на грешка +/- 3 %.
Во македонската политика, анкетите одамна не се само статистика, туку и алатка за борба за јавното мислење. Затоа и овој „седум наспрема еден“ однос повеќе отвора дилеми отколку што дава одговори.