• Latest
West Bank map screenshot

Европските претставници го предупредуваат Израел за плановите за анексија на Западниот Брег по чекорите кон признавање

September 22, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европските претставници го предупредуваат Израел за плановите за анексија на Западниот Брег по чекорите кон признавање

September 22, 2025 11:08
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ
West Bank map screenshot

West Bank map screenshot

Share on FacebookShare on Twitter

Европските претставници наводно го предупредиле Израел да не анектира делови од окупираниот Западен Брег како одмазда за признавањето на палестинската државност од западните земји, објави Гардијан.

Велика Британија, Австралија и Канада формално ја признаа палестинската државност во неделата, во историски потег што ги стави трите главни сојузници на САД во конфликт со администрацијата на Трамп и предизвика непосреден, гневен одговор од Израел.

Португалија, исто така, ја призна Палестина вчера, а Франција е меѓу европските земји од кои се очекува да го сторат истото на Генералното собрание на ОН во Њујорк оваа недела.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера изјави дека признавањето го наградува тероризмот на Хамас и рече „ние ги удвоивме еврејските населби во Јудеја и Самарија (Западниот Брег) и ќе продолжиме по овој пат“.

Израелскиот крајно десничарски министер за финансии, Безалел Смотрих, и Итамар Бен-Гвир, крајно десничарскиот министер за национална безбедност, повикаа на целосна анексија на окупираниот Западен Брег како одговор на декларациите.

„Деновите кога Велика Британија и другите земји ја одредуваа нашата иднина се завршени… Единствениот одговор на овој антиизраелски потег е суверенитет над историската татковина на еврејскиот народ во Јудеја и Самарија и трајно отстранување на глупоста за палестинска држава од агендата“, напиша Смотрич на X.

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, изјави за Би-Би-Си дека го предупредила Израел да не анектира делови од Западниот Брег како одговор на признавањето на палестинската државност од страна на Велика Британија, што има особено историско значење со оглед на улогата на Велика Британија во создавањето на Израел по Втората светска војна.

Купер рече:

Јасно ни беше дека оваа одлука што ја донесуваме е за најдобриот начин да се почитува безбедноста на Израел, како и безбедноста на Палестинците.

Станува збор за заштита на мирот и правдата и, пред сè, безбедноста на Блискиот Исток и ние ќе продолжиме да работиме со сите во регионот за да можеме да го сториме тоа.

Велика Британија треба да признае палестинска држава заснована привремено на границите од 1967 година, пред Израел да ги окупира Појасот Газа и Западниот Брег. Тоа исто така ќе го отвори патот за целосни дипломатски односи, а палестинскиот шеф на мисијата, Хусам Зомлот, веројатно ќе добие статус на амбасадор, пишува Гардијан.

Доколку Израел изврши некаков вид анексија на Западниот Брег, европските претставници ќе разгледаат ограничување на трговијата со населбите, воведување повеќе санкции врз насилните доселеници и формално ќе усвојат советодавно мислење издадено минатата година од Меѓународниот суд на правдата на ОН, кој утврди дека израелската окупација е кршење на меѓународното право.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ