На Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во текот на денот, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одржа говор кој предизвика тивки реакции и поделени впечатоци меѓу делегатите.
Настапот беше обележан со технички проблем и отстапување од претходно подготвениот текст, што резултираше со серија критики – упатени кон миграционите политики, климатските иницијативи, европските сојузници, како и самата институција на ОН.
Наместо да се задржи на тековните глобални конфликти, Трамп го искористи говорот за да ги промовира своите надворешнополитички ставови и да ја наметне сопствената визија за меѓународните односи. Во продолжение следуваат пет клучни моменти од неговото обраќање.
Трамп ги критикува ОН за тоа што не му ја оддале почитта и признанието за тоа дека тој спречил и прекинал седум војни меѓу кои и непостоечки, како таа помеѓу Ерменија и Камбоџа и Албанија и Азербејџан.
Критика за миграцијата:
Трамп остро ги критикуваше имиграциските политики на други земји, посебно во Европа. Тврди дека „неконтролираниот прилив“ на мигранти ја уништува западната култура и дека ОН ги поттикнуваат тие процеси. Порача дека само строга контрола и депортација ги решаваат проблемите.Климатските промени ги нарече „измама“:
Тој ги отфрли научните предупредувања за климатските промени, велејќи дека тоа е „најголемата измама направена врз светот“. Ги критикуваше зелените политики и тврди дека тие само ја префрлаат индустријата од развиени кон „загадувачки“ земји.Без јасна визија за решавање на конфликтите во Украина и Газа
Говореше многу малку за двата најважни глобални конфликти. Призна дека не му успеало да донесе мир во Украина, и покрај „добриот однос“ со Путин. Во однос на Газа, ја критикуваше поддршката за решението со две држави.
Критики кон Обединетите нации:
Преку неисправниот телепромптер и ескалатор, Трамп симболично ја прикажа својата фрустрација со нефункционалноста на ОН. Рече дека организацијата не решава реални проблеми, туку само пишува „празни писма“. Потсети дека ја намалил американската поддршка за ОН за време на својот мандат.Импровизација и отстапување од темата:
Без телепромптер, говорот се претвори во серија слободни размислувања – од криминал во САД, преку ветерници, до крави и отпад во Азија. Дел од публиката молчеше, а дел се смееше. Очигледно беше дека се обидуваше да доминира со присуство, а не со содржини.Д. Тахири
Користен извор – Си-Ен-Ен.