• Latest
Фотографија: Кабинет на Претседател

Сиљановска – Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови

September 25, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска – Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови

September 25, 2025 17:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: Кабинет на Претседател

Фотографија: Кабинет на Претседател

Share on FacebookShare on Twitter

„Пред голем испит сме: или ќе го гарантираме меѓународниот поредок врз визионерски принципи или ќе итаме кон катастрофа со несогледливи размери за човештвото“, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова обраќајќи се денеска на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Според неа, Обединетите нации денес се соочуваат со геополитички и геоекономски земјотрес, а денешните кризи се последица на длабоки тектонски поместувања што ги подриваат принципите што го обликуваа светот изминативе 80 години.

–  Наместо да создава свест за споделена иднина, човештвото се соочува со војни и со губење на хуманоста. Со сè почестото игнорирање на меѓународното хуманитарно право, гладот станува оружје, а хуманитарните работници мета. Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години беснее војна. Руската агресија е флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста, рече Сиљановска – Давкова.

Таа укажа дека условувањето на почетокот на преговорите со нови уставни измени повторно ги отвора прашањата за историјата, културата и јазикот, за кои „бевме убедувани дека се затворени со Преспанскиот договор со Грција“

Давкова потенцираше дека себеси се перцепираме како европјани и дека длабоко веруваме во европскиот проект, којшто по Втората светска војна донесе мир и економски просперитет.

–  Европскиот идеал останува наша најголема инспирација и стратешка аспирација. Како држава посветена на добрососедството и на регионалната соработка не сакаме спорови со нашите соседи. Она што го посакуваме е да се интегрираме во Унијата, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство, истакна Сиљановска – Давкова.

Таа предупреди дека по војната во Украина, блокираната евроинтеграција на Западниот Балкан не е само политичко туку е и безбедносно прашање.

 

Во обраќањето, осврнувајќи се на Блискиот Исток и Газа изрази убедување дека дека одржливиот мир на Блискиот Исток може да се постигне единствено преку дијалог и дипломатија, во согласност со меѓународното право.

Според неа младите генерации имаат право на обновена Повелба, на реформирани и силни Обединети нации што ќе им овозможат да живеат во мир меѓу народите, но и мир со природата.

–  Тие реформи не смеат да бидат козметички, туку длабоки за да овозможат поголема инклузивност, хармонизација меѓу вредностите и механизмите, оптимизација на националните и глобалните интереси, силни и функционални институции, рече Сиљановска – Давкова.

Таа смета дека реформите на Обединетите нации зависат од тоа дали на нив се гледа како на можност за обнова на меѓународниот поредок втемелен на правила, или како оспорување на привилегиите на некои земји-членки.

Во однос на изборот на нов Генерален секретар на Обединетите нации следната година таа посочи дека е идниот прв дипломат на светот мора да има многу знаење, трпение и такт. – По 80 години од основањето, крајно време е за жена Генерален секретар на Обединетите нации. Во свет доминиран од силни мажи, често со оружје, потребни ни се силни жени со мудрост и емпатија, рече претседателката.

Што се однесува до климатските промени, таа укажа дека македонските граѓани веќе ги чувствуваат последиците од климатската криза, како што се екстремните временски услови, поради што на COP29 во Баку го поддржавме спроведувањето на Парискиот договор.

Посочи и дека вложуваме големи напори за промоција на женското лидерство и имплементацијата на агендата за жените, мирот и безбедноста, дека ја потпишавме новата Рамка за соработка со Обединетите нации 2026-2030, заради обезбедување на инклузивен социјален и човечки развој, одржлива економија и достојна работа, отпорно и зелено општество и екосистеми, владеење на правото и добро управување.

– Треба да ги препознаеме Обединетите нации за она што се – навистина несовршен, но неопходен инструмент на нациите во работењето за мирна еволуција кон поправеден и побезбеден светски поредок. Да им ја дадеме таа шанса, рече на крајот од обраќањето на 80.Сесија на ГС на ОН во Њујорк Сиљановска – Давкова, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ