• Latest

Меџити: Времето на поделби и лаги заврши, време е за работа, ред и развој, време е за Чаир

September 29, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Меџити: Времето на поделби и лаги заврши, време е за работа, ред и развој, време е за Чаир

September 29, 2025 16:07
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Време за решавање на сообраќајниот хаос и проблемите со паркирањето, за решавање на проблемот со чистотата, за нови градинки и воведување едносменска и целодневна настава во училиштата низ Чаир. Сега е време за културни фестивали, жива Чаршија, отворено културно скопско Кале. Сега е време за Чаир како студентски, образован и културен центар за Албанците, порача Изет Меџити, денес на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори.

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити, нагласувајќи дека ова не е само кандидатура за градоначалник, туку како што рече, „ова е почеток на мисија за ослободување од стариот корумпиран систем на една партија која ги држеше Албанците и сите граѓани на Чаир во зависност, страв и неизвесност“.

– Нашата визија е јасна. Чаир да стане модерна, функционална и европска општина, место каде секој граѓанин ќе живее достоинствено. Затоа нашата програма не е список на желби, туку конкретен и остварлив план … Ќе работиме транспарентно, одговорно и во постојана комуникација. Ова е наша заедничка битка за Чаир, како што сите го сонуваме. Ве повикувам да застанеме заедно и да покажеме дека времето на поделби и лаги заврши. Времето е за работа, ред и развој. Време е за Чаир, порача Меџити.

Меџити објави дека се враќа во Чаир, на местото каде што припаѓа, меѓу луѓето на кои им припаѓа, во срцето на Чаир.

– Многумина може се прашуваат зошто се кандидирам за градоначалник. Одговорот е едноставен и доаѓа од срце. Затоа што мојата најголема должност не е кон функцијата, туку кон луѓето. Затоа што видов дека одлуките за нашата иднина не смеат повеќе да се носат во затворени канцеларии, далеку од реалните проблеми на граѓаните. Вистинската промена се случува тука, на нашите улици, во нашите маала, во секојдневниот живот, порача Меџити.

Во изминатата година и половина, Меџити, рече дека Чаир го вратиле високо на агендата на Владата и дека обезбедиле отпочнување на сите проекти и фондови, кои се однесуваат на Чаир и општините каде живеат Албанци во Северна Македонија.

– Обезбедивме десетици милиони евра за секоја од општините каде живееме. Чаир веќе е градилиште, тоа го гледате околу вас. Сега е време за работа, за реализација на проекти, за инвестирање на обезбедените фондови и средства, изјави Меџити.

Предвидуваме, посочи Меџити, изградба на подземен паркинг кај плоштадот Скендербег, катна гаража кај комплексот „Чаирчанка“, како и монтажни гаражи во Стопанско поле и салата Партизан. Најави и проширување на клучните артерии, како улицата „Цветан Димов“, за олеснето движење, како и воведување на модерен систем за управување со отпад и чистење на дивите депонии и повеќе зелени површини.

– Младите не се нашата иднина, тие се нашата сегашност. Затоа ќе основаме бизнис инкубатор за стартап компании и локален иновациски фонд за млади претприемачи. Ќе инвестираме во целосна реконструкција на училиштата, воведување на паметни табли и создавање модерни услови за образование, изјави Меџити.

Меџити, исто така, најави и враќање на културниот живот во Чаир, заживување на културните манифестации и инвестирање во спортската инфраструктура.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ