Потрагата по најмалку седум лица кои сè уште се водат како исчезнати продолжува во понеделник откако еден ден претходно вооружен човек удрил со камион во капелата на „Црквата на Исус Христос на светиите од последните дни“ во Мичиген, почнал да пука, а потоа запалил пожар што ја уништил зградата, велат извори, пренесува Си-ен-ен.
Најмалку четири лица се убиени, а осум други се ранети во нападот за време на неделната утринска служба.
Вооружениот напаѓач бил убиен за неколку минути во полициска престрелка. Истражителите го идентификуваа како Томас Џејкоб Санфорд, кој служел во маринците и бил ветеран од војната во Ирак.
Неговото семејство соработува додека ФБИ го истражува нападот како чин на целно насилство.
Престрелката беше меѓу 324 масовни пукотници оваа година во САД и најновото место за богослужба – од католичка црква во Минеаполис до синагога во Питсбург и сикшки храм во Висконсин – уништено од американското вооружено насилство.
Д. Мишев