Спасувачите во Источна Јава, Индонезија, се обидуваат да пронајдат 38 лица за кои се верува дека се заробени во урнатините на училишна зграда што се урна во понеделник, пренесува Би-би-си.
Тројца ученици загинаа, а 101 други се однесени во болница, некои од нив со критични повреди, велат официјални лица, додавајќи дека бројот на жртви може да се зголеми
Многу од оние што се заробени се тинејџери кои се собрале на молитва кога зградата се урна
Двокатната зграда имала нестабилна основа и не можела да ја издржи тежината на дополнителната конструкција на уште два ката, велат официјални лица.
Д. Мишев