На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВРЕДИ во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците.
– „НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака Давидовиќ, НЕ продадовме акции на српска банка, НЕ донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, НЕ ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ“, порача Меџити, алудирајќи дека токму ДУИ стои зад овие процеси кои ја загрозуваат иднината на Албанците во Македонија.
Тој истакна дека плаќањето „цена“ од страна на Албанците за бизнис интересите на српските компании не е прифатливо:
– „Дали оваа цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете сопственици во казино бизнисот на српското подземје? Дали оваа е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете акционери во српската банка? Албанците имале секакви лидери. Но лидери што тргуваат со националната кауза за бизнис интереси на Србија – тоа не се памети“!, истакна Меџити.
Меџити се осврна и на својот противкандидат за градоначалник во Чаир, Бујар Османи, кого го нарече „докторот на Тик-Ток“:
– „Не се добива почитта и поддршката на Чаир стоејќи поблиску до Зајас, а најмалку во Чаир, скокајќи од Скопската Чаршија во Белград, од ‘лајв’ врски на Фејсбук до тајни вечери во Будимпешта“, истакна Меџити, нагласувајќи дека Албанците во Чаир заслужуваат вистинска посветеност, а не политички маркетинг.