Мицкоски во Карбинци: За младите брачни парови – парцели по едно евро за квадрат и ослободување од комуналии
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Карбинци ја пофали работата на градоначалникот Виктор Паунов и најави иницијативи за младите брачни парови – парцели по едно евро за квадрат и ослободување од комуналии.
Паунов: 46 нови улици, училишта и паркови во Карбинци
Кандидатот за градоначалник Виктор Паунов пред граѓаните ја презентираше досегашната работа – реконструирани улици, училишта, резервоари за вода и нови паркови. За следниот мандат најави населба „Вршник“, спортска сала и велосипедска патека.
Ковачки: Потребна е стабилна влада за реални промени
Пратеникот Драган Ковачки побара поддршка за Паунов, но нагласи дека локалната власт има потреба од силна влада која ќе отвора врати и обезбедува средства.
СДСМ од Аеродром: „Доста е од ВМРО-ДПМНЕ“
На митингот во Аеродром, СДСМ испрати порака за промени. Претседателот Венко Филипче ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за економска и социјална криза и најави враќање на достоинството во општината.
Ристевски: Ветувањата не се исполнети
Носителот на листата за советници, Милутин Ристевски, ја обвини власта во Аеродром за нереализирани ветувања – нови градинки, паркинзи и велосипедски патеки.
Трајановски: Чиста и дигитална општина
Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски најави средување на сообраќајниот хаос, смарт осветлување, културен центар и фонд за млади.
Шукова: Зелен бран за Скопје
Кандидатката за скопски градоначалник Каја Шукова претстави еколошка програма – брз превоз, нови паркови, еко-автобуси и модерна „Скопје авантура“.
Касами: „Тетово не смее да се врати назад“
Градоначалникот на Тетово и кандидат за нов мандат, Биљал Касами, ја презентираше инвестицијата во Блок 70 и најави 7 милиони евра за инфраструктура во населбите.
Ѓорѓиевски: Лимак – првата подземна сообраќајница во Скопје
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вети изградба на подземна сообраќајница под хотел Лимак и дислокација на градската администрација од бараките.
Димитриевски: Дуели наместо шпекулации
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, го повика Венко Филипче на јавен дуел и нагласи дека неговата партија е стабилен политички фактор кој ќе продолжи да биде дел од реформските процеси.