Приближно 30 лица се повредени како резултат на двоен, целен руски напад врз железничката станица и патничките возови во Шостка, Сумска област.
.„Руските сили извршија двоен, целен напад врз железничката станица и патничките возови во Шостка, Сумска област. Околу 30 лица се повредени. Спасувачи, медицински лица и железнички работници се на лице место, им помагаат на жртвите и ја проценуваат големината на штетата“, изјави украинската премиерка Јулија Свириденко, пренесе Укринформ.
Според неа, непријателот продолжува со својата тактика на таргетирање на железничката инфраструктура – цивилни објекти и области со големи собирања на луѓе, за што агресорот е добро свесен.
„Ова беше уште еден брутален и циничен чин на тероризам. Светот нема право да го игнорира. На Украина ѝ се потребни повеќе системи за воздушна одбрана, построги санкции против Русија и решителна акција од нејзините партнери. Само ова може да го запре рускиот терор и да спаси животи“, нагласи Свириденко.
Русија ја нападна железничката станица во населбата Шостка, со дрон што погоди патнички воз на линијата Шостка-Киев.
Д. Т.