• Latest

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025 20:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека Основниот граѓански суд Скопје, со Решение од 3 октомври 2025 година, го одбил како неоснован предлогот од тужбата на политичката партија Левица за издавање привремена мерка. Со мерката, Левица барала на АВМУ да ѝ се забрани да го достави до комерцијалните медиуми „Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025“, како и забрана да го достави до Државната изборна комисија (ДИК) извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање (ППР), врз основа на кој ДИК ги распределува и исплаќа парите за реклами во предизборната кампања.

Во соопштението се наведува дека Упатството на АВМУ има „единствена цел да обезбеди јасни и прецизни насоки за радиодифузерите при примената на членот 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, кој ја уредува распределбата на времето за ППР“.

Од Агенцијата истакнуваат: „Содржината на Упатството е строго условена од одредбите на Изборниот законик, кој експлицитно ги пропишува бројот на минутите за ППР, нивната распределба и субјектите меѓу кои се распределува. Агенцијата нема ниту можност, ниту овластување да излегува надвор од овие рамки, да доделува поголеми права од предвидените или да пропишува поинакви правила од оние утврдени со Законикот“.

Членот 75 ѓ од Изборниот законик гласи вака:

За време на изборната кампања и во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за двете најголеми политички партии од позицијата кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови можат да одвојат најмногу четири минути кои се распределуваат по претходен писмен договор, за двете најголеми политички партии во опозиција кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија освоиле најмногу гласови можат да одвојат најмногу четири минути кои се распределуваат по претходен писмен договор, за политичките партии во Собранието на Република Македонија кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група можат да одвојат една минута која се распределува по претходен писмен договор и за политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Македонија или кандидати можат да одвојат триесет секунди кои се распределуваат по претходен писмен договор.

Според овој член од Изборниот законик, случаите на политичките партии Левица и ЗНАМ, кои имаат по шест пратеници и парламентарна група, не се предвидени како опција. Поточно, според сегашното решение тие не можат да добијат средства, иако помалите парламентарни партии, со помалку од пет пратеници, кои немаат формирано парламентарна група, ќе добијат средства за рекламирање. Вредно е да се напомене дека ЗНАМ, која е дел од владејачката коалиција, според упатството на АВМУ, ќе може да добие пари од ВМРО-ДПМНЕ како нивни „поддржувач“.

„Левица е парламентарна партија со своја пратеничка група и сигурно знае дека Изборниот законик може да се измени само во Собранието, каде пратениците можат да поднесат предлог за негова измена“, велат од АВМУ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ