• Latest

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025 09:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваат уште четири дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција.

Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и Чаир. Вечер караванот на СДСМ ќе биде во општините Новаци, Ресен и Битола.

Претставници на ВЛЕН ќе имаат средба со Стопанска комора на северозападна Македонија.

Претседателот на Левица Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ и носители на листи и кандидати за советници ќе имаат средби со граѓани во Кисел Вода.

Прес-конференции ќе одржат потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми и кандидатот за градоначалник на Сарај, Блерант Рамадани, како и независниот кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“ Горан Марковски.

Партиите во текот на вчерашниот ден пред граѓаните ги презентираа своите проекти за подбривање на инфраструктурата, за социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот, земјоделството, грижа за секое населено место.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Велес истакна дека однесувањето на СДСМ и Венко Филипче го покажува нивното потценување на народот и вистинскиот ефект од нивното однесување ќе се види на претстојните локални избори, кога народот ќе го каже своето мислење за нивните непроменети лаги.

На митингот во општина Чашка, Мицкоски подвлече дека изминале седум тешки години кога претходната влада на СДСМ и ДУИ, како што рече, создаваше хаос, уривања, поделби и многу криминал и тие години на апатија и безнадежност народот не ги заборава, колку и денес да се трудат ова време да се заборави.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Кочани порача дека ниту еден политичар не може да оди со крената глава во овој град.

– Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда. Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. Со крената глава не се оди кај оние на кои им се вршеа притисоци за протести. Нема достоинство во ароганцијата и лицемерието, рече претседателот на СДСМ.

Тој потенцира дека се залага за темелни реформи во судството и институциите и земјата да оди напред кон ЕУ.

Мицкоски, претходно од митингот во Лозово, се осврна и на кампањата и обвинувањата од ДУИ, потсетувајќи дека едно од неговите ветувања на парламентарните избори беше дека оваа партија, по долги години во власта, ќе оди во опозиција.

– Суштинско ветување беше дека оваа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ, дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција, истакна Мицкоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, синоќа преку видео-обраќање на централниот митинг во Дебар на Националната алијанса за интеграција (НАИ), порача дека „на 19 октомври ќе нема локални избори, туку национален рефрендум за достоинство и национална гордост“.

– Ние сме заедно за да се соочиме со злото и потценувањето што им се направи на Албанците во овие 12 месеци од оваа влада. Христијан Мицкоски не го признава Охридскиот договор и достигнувањата на Албанците, рече Ахмети.

Коалицијата ВЛЕН, преку соопштение ја обвини ДУИ дека не се бори за националана кауза туку за гол личен интерес и за моќ.

– Секој превез на измама падна! Оние што гласно зборуваат за „национална кауза“, кои ги полнат подиумите со зборови за „референдум“, на теренска прошетка со спуштени знамиња низ 100 отсто македонски села, барајќи гласови за сопствен спас. Ова не е политика, ова е национален срам!, порачаа од ВЛЕН.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ