• Latest

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025 22:44
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На само три дена до локалните избори, кандидатите за градоначалници и советници во различни општини со забрзано темпо на бројни средби, митнизи и видео обраќања ги презентираат своите програми и ветувања за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, но и ветувања европска иднина на државата.

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва на собирот во Чаир откри дека добил директна порака од висок претставник на ЕУ, со која се потврдува поддршката од Брисел за европскиот пат на државата и очекувањето дека новата влада ќе ги спроведе уставните измени веднаш по изборите во октомври.

„Еден важен пријател од Брисел денес ме извести, и со одговорност го кажувам ова пред вас, ми рече: прашај го Али Ахмети и лидерите на НАИ дали можат да се обврзат пред Брисел дека веднаш по октомври, кога ќе се формира новата влада, ќе се обврзе за уставните измени“, рече Османи.

Филипче со порака од Гостивар – Апстиненција од гласање не е казна за СДСМ — тоа е награда за режимот на ВМРО

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вечерва од трибината организирана оо рамки на предизборната кампања порача дека овие избори се од исклучителна важност за иднината на граѓаните и за напредокот на државата. дека Гостивар знае дека силата е во заедништвото, а не во поделбите.

Ова не е време за молк, ова е време за исправување. Апстиненцијата не е казна за СДСМ — тоа е награда за ВМРО. Секој изгубен глас е добивка за режимот што повторно го чувствуваме, порача Филипче.

Висар Адеми со пет главни ветувања во Гостивар

Независниот кандидат за градоначалник на Гостивар, Висар Адеми и неговиот тим, денеска ги претставија петте главни ветувања.

– Чистење од корупција, транспарентна администрација, професионалците ќе ги заменат партиските вработувања и процесите ќе бидат дигитализирани за целосна отчетност, беше кажано на презентацијата на градскиот плоштад.

Гоцевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се бори за една заедница, еден народ во Делчево

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Иван Гоцевски, на вечерашниот митинг во Делчево ја претстави својата визија и програма за развој на општината, истакнувајќи дека „времето на Делчево е тука“ и дека граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и посветено раководење. Една заедница, еден народ – обединети со многу енергија, со светла визија и решителност. Делчево мора да успее!

Касами со порака до младите: Вие самите треба да го трасирате сопствениот пат 

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, учествуваше на панел-дискусијата „Гласот на младите во одлучувањето“, што се одржа на плоштадот „Илирија“ во Тетово, во организација на Младинскиот форум. Во своето обраќање, Касами истакна дека неговата посветеност останува насочена кон создавање можности преку кои младите ќе можат целосно да го остварат својот потенцијал.

Тој го спомена носителот на советничката листа, Алби Ќамили, како и директорот на ЈП „Шари“, Валон Зеќири, како двајца млади луѓе на кои им е дадена шанса во рамките на Општина Тетово. Касами ги повика младите да бидат свесни дека во одредени моменти од животот ќе треба самите да го трасираат својот пат.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ