• Latest

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025 12:30
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

До каде сме во однос на демократијата во партиите- до никаде. Нема ниту статус- кво. Има назадување, со секоја нова гарнитура на внатрепартиски политички раководства, кои за единствена цел имаат„ како да станам премиер, министер или државен функционер“, за да дојдам до основната мотивација, а тоа е службена картичка, тендери и коли, секретарка и телефон. Тоа се основните мотиви кои ги држат во кондиција, и затоа се добри клиентелисти. Дури и лојалисти, се додека можат да ги остваруваат своите интереси, изјави Оливер Андонов, професор на Воената академија, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – „Демократско назадување: Импликации и последици“.

Андонов вели дека во партиите не треба да бараме демократија, и посочува дека е трагично што во партиите не можеме да бараме дури ниту идеолошки пристап, што е причина за достигнување на дното на нашата  политичка сцена.

Пристапот кон демократизација на политичките партии, а нормализацијата на општеството, што е клучен аспект, бидејќи политичките партии ја креираат практичната политика во владата, бидејќи ние имаме коалициона влада од повеќе партии, такви какви што се тие недемократски капацитети во политичките партии, таква е и владата. И затоа, да не не изненадува што некој сака да го смени системот.

За петнаесет месеци влада, немаме ниту еден закон што ќе го подобри животот на граѓаните, што и не мора да биде демократски закон, но да го подобри животот на граѓаните по определено прашање, посочува Андонов.

Проф. Андонов се осврна на негативноста што ја предизвикуваат политичките актери, не само кај нас туку и низ светот, истакнувајќи ја посебно негативноста кон НАТО, ЕУ, дури и поддршката на нашата држава за Украина, за која вели дека е толку „падната“ и постави прашање – што последната година Северна Македонија направила за да ја поддржи Украина.

Многу сум убеден, дека поголем таргет на македонските сигурносни служби сме  ние кои сме денес тука, отколку реалните извори на загрозување на државата, и оттука сметам дека една од основните задачи кои треба да ги имаме а можеби и да извлечеме заклучок од сето тоа, е демократизација на партиите и политичките структури, порачува Андонов.

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Б. Јордановска – ЦИВИЛ


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

 

 

 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ