• Latest
screenshot-X-EP

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025 14:35
in ВЕСТИ, РЕГИОН
screenshot-X-EP

screenshot-X-EP

Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент го усогласи за текстот на резолуцијата, како што се наведува – за поларизацијата и растечката репресија во Србија, една година по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, јави Н1.

Во текстот се нагласува дека дури и една година по трагедијата во Нови Сад, истрагата не е завршена.
Се посочува дека влијанието на Кина во Србија значително се зголемило во изминатите години преку големи инвестиции во инфраструктурата, што предизвикува загриженост во врска со транспарентноста, усогласеноста со стандардите на ЕУ и усогласеноста со прописите за животна средина.

„Имајќи предвид дека проектот за станицата беше дел од брзата железница Белград-Будимпешта и беше имплементиран во рамките на меѓувладиниот договор меѓу Србија и Кина, надвор од редовната рамка на Законот за јавни набавки, од страна на две кинески компании; имајќи предвид дека извештајот на Комисијата од 2024 година веќе предупреди за заобиколување на правилата за јавни набавки преку вакви договори; имајќи предвид дека во март 2025 година, Европското јавно обвинителство (EPPO) започна истрага за можна злоупотреба на средствата на ЕУ наменети за реконструкција на железничката станица во Нови Сад“, се вели во резолуцијата.

Се потсетува дека падот на бетонската настрешница предизвикало „невидени“ национални протести предводени од студенти, барајќи правда, институционална одговорност, транспарентност, предвремени избори, нивен интегритет, почитување на граѓанските слободи, поделба на власта, слобода на медиумите, крај на системската корупција, како и инвестиции во образованието.

Се наведува дека од февруари до крајот на септември 2025 година, се одржале повеќе од 10.000 протести на повеќе од 630 места и 1.200 локални заедници, вклучувајќи го најголемиот протест во историјата на Србија на 15 март оваа година, а вториот по големина на 28 јуни, што, како што е оценето, го направи најголемото граѓанско движење во последните неколку децении.

Исто така, се известува дека студентските протести биле претежно мирни, иако имало неколку насилни инциденти во текот на летото, како и случаи на употреба на радикални симболи и екстремна националистичка, проруска и шовинистичка реторика за време на масовните протести, што предизвикало значителни критики од странство и во земјата.
Исто така, се додава дека српските власти прибегнале кон насилство против политичките противници и употреба на прекумерна сила против демонстрантите низ целата земја, и се оценува дека репресијата ескалирала од почетокот на годината.

Исто така, се потсетува дека, според независни извори, демонстрантите биле нападнати со звучно оружје на 15 март, и се оценува дека ова предизвикува сериозна загриженост во врска со пропорционалноста и легалноста на употребата на сила, наведува медиумот.

Во резолуцијата се нагласува дека од август насилството дополнително се интензивирало, како и дека безбедносните агенции нелегално снимале и емитувале приватни разговори, кои биле користени за обвинување на студенти и активисти за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија, додека елитната воена единица Кобра била распоредена, па дури и користела боева муниција во еден случај.

Во резолуцијата, меѓу другото, се споменува дека владата преговарала со сопствениците на United Media, во чии рамки работи и Н1, за да го „ослаби“ тој медиум и се предупредува дека доколку ова се потврди, тоа би претставувало сериозен напад врз веќе загрозениот медиумски плурализам во Србија.

Србија е повикана да се усогласи со политиката на ЕУ во борбата против странското мешање и кампањата на дезинформации.

Резолуцијата повикува сите земји учеснички на претстојниот ЕКСПО 2027 во Србија да ги земат предвид сериозните загрижености и доказите за широко распространета корупција поврзана со владејачките структури, како и наводното непочитување на основните градежни стандарди и законските барања при организацијата и изградбата на изложбата.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ