Изминаа шест дена од првиот круг на локалните избори 2025. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември (недела), според податоците на Државната изборна комисија, во 32 општини и Градот Скопје. Во меѓувреме во Македонски Брод и за Могила двајца од кандидатите се повлекоа од трката за градоначалник во вториот круг на изборите, но од ДИК велат дека и за двете општини постапката продолжува и дека ќе се печатат избирачки ливчиња.
Седум дена пред вториот круг односно денеска на полноќ истекува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, додека за три дена завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември.
Од ДИК информираат и дека во тек е пријавувањето на набљудувачите за вториот круг на изборите.
Во првиот круг на 19 октомври локалните избори завршија во 43 општини, додека во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде излезноста на гласачите беше една третина од вкупниот број запишани гласачи постапката за избор на градоначалник се повтори и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати, пренесе МИА.












