Албанската владејачка коалиција ВЛЕН синоќа прикажа целосно единство во поддршка на Билал Касами, актуелен градоначалник на Тетово, кој се кандидира за втор мандат на локалните избори.
Еден од лидерите на коалицијата, Зеќирја Ибрахими, сподели на социјалните мрежи заедничка фотографија од лидерите на ВЛЕН, направена во Тетово, придружена со јасна порака за поддршка на Касами.
„Работен состанок со сегашниот и идниот градоначалник на Тетово. Тетово останува во сигурни раце… ВЛЕН продолжува силно и за втората петорка“, – напиша Ибрахими.
Овој состанок и објавената порака се толкуваат како знак на внатрешна кохезија во редовите на ВЛЕН и на посветеноста за консолидирање на локалната самоуправа во градот Тетово, кој се смета за еден од главните политички бастиони на оваа коалиција.
Д. Т.












