Изборите за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и во Центар Жупа пропаднаа, бидејќи на гласање на 19 октомври не излегоа доволен број гласачи.
Според законот, за изборите да бидат успешни, потребна е излезност од најмалку една третина, или 33,33% од запишаните граѓани во Избирачкиот список, услов што не беше исполнет.
Ова значи дека во четирите општини ќе мора да се организираат целосно нови избори.
Целата постапка ќе се повтори од почеток – од распишување избори, преку поднесување кандидатури и водење кампања, до ново гласање.
Ова сценарио не е непознато за Маврово и Ростуше и за Центар Жупа.
Нивните избори пропаднаа и во 2021 година, а градоначалници беа избрани дури во третиот обид – на изборите во август 2022, период кога традиционално во земјава доаѓаат дел од иселените.












