Полска соопшти дека нејзини авиони денеска пресретнале руски разузнавачки авион над Балтичкото Море.
Ова е трет сличен инцидент оваа седмица.
Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, прецизираше Оперативната команда на полските вооружени сили, но, како и во претходните инциденти, тој не поднел план за летање и неговите транспондери биле исклучени.
„Ова е веќе трета слична ситуација за оваа седмица, што ја потврдува засилената активност на руската авијација во регионот на Балтикот“, нагласува Армијата.
Земјите од источното крило на НАТО се во зголемена готовност за потенцијални нарушувања на воздушниот простор од септември, кога три руски воени авиони го нарушија воздушниот простор на Естонија во траење од 12 минути, само неколку дена откако над 20 руски дронови навлегоа во воздушниот простор на Полска.












