• Latest
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025 10:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 што ќе се одржи утре, ќе избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје.

Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Во втор круг, во трката за градоначалник на Град Скопје се Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Ѓорѓиевски во првиот круг освои 91 663 гласа или 39,41% од гласовите, додека кандидатот на ПП Левица, Мециновиќ 30 665 гласа или 13,18 проценти од вкупниот број гласови.

Во првиот круг за градоначалник на Скопје гласале вкупно 232 581 граѓанин или 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список. Во вториот круг, право на глас имаат 474 304 избирачи регистрирани во избирачкиот список на вкупно 685 избирачки места.

Во Општина Аеродром во вториот круг се кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и актуелен градоначалник на општината Дејан Митески и кандидатот на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски. Во првиот круг Митески доби 16 257 гласа или 49,11 проценти од вкупниот број на излезени гласачи, а Трајановски 6 881 глас или 20,78 проценти.

Право на глас во Општина Аеродром имаат вкупно 68.772 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во привиот круг излезноста беше 48,14% или 33.106 гласачи.

Во Општина Карпош во вториот круг се кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски и актуелниот градоначалник и кандидат од Гром, на Коалицијата „Искуство за успех“ Стевчо Јакимовски. Во првиот круг Лукровски доби 10 284 гласа или 34,51 процент од гласовите, а Јакимовски 8 761 глас или 29,40 отсто од гласовите во првиот круг.

Право на глас во Општина Карпош имаат вкупно 56.856 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во привиот круг излезноста беше 52,42% или 29.803 гласачи.

Во Општина Центар во втор круг се кандидатот на СДСМ и Коалицијата и актуелен градоначалник Горан Герасимовски и кандидатот од Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ. Во првиот круг Герасимовски освои 8 535 гласа или 38,19 проценти од гласовите во првиот круг, додека Лабудовиќ доби 5 707 гласа или 25,54 отсто од гласовите во првиот круг.

Право на глас во Општина Центар имаат вкупно 44.109 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во привиот круг излезноста беше 50,66% или 22.347 гласачи.

Во Општина Шуто Оризари во вториот круг се кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Ерџан Демир. Во првиот круг Дудуш доби 3 223 гласа или 36,43 проценти од вкупниот број гласови во првиот круг, а Демир освои 1 841 глас или 20,81 процент од вкупниот број гласови во првиот круг.

Во избирачкиот список на општина Шуто Оризари има регистрирано вкупно 23.893 гласачи. Во првиот круг излезноста беше 37,03 проценти.

Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца втор мандат, и тоа акутелните градоначалници на Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Во Општина Бутел за градоначалник е избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Дарко Костовски, кој освои 52,96 отсто од вкупниот број гласови во првиот круг.

Во Општина Гази Баба за градоначалник во првиот круг е избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Бобан Стефковски, кој освои 58,42 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.

Во Општина Ѓорче Петров за градоначалник во првиот круг е избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Александар Стојкоски, кој освои 56,07 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.

Во Општина Кисела Вода за градоначалничка во првиот круг е избрана кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Бети Стаменкоска-Трајкоска, која освои 57,20 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.

Во Општина Сарај за градоначалник во првиот круг е избран кандидатот на Коалицијата Вреди Мухамет Елмази, кој освои 50,28 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг.

Во Општина Чаир за градоначалник во првиот круг е избран кандидатот на Коалицијата Вреди Изет Меџити, кој освои 51,78 проценти од вкупниот број на гласови во првиот круг, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ