• Latest

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025 10:09
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Известителот на Европскиот парламент, Тонино Пицула, ја коментираше за Н1 Загреб ситуацијата во Србија една година по падот на бетонската настрешница во Нови Сад и оцени дека одложувањето на политичкото решение за оваа „непрогласена вонредна состојба во Србија“ може да ја доведе целата земја во опасност од некои посериозни конфликти, кои, како што вели тој, би можеле да завршат со уште една трагедија, пренесе МИА.
Според него, протестите нема да престанат толку лесно бидејќи ситуацијата во земјата е се повеќе поларизирана, а властите ги сметаат демонстрантите за загрозувачи, објавија српски медиуми.

„Мислам дека реакцијата е сè повеќе со репресија, насилство врз сите оние кои го изразуваат своето мислење на улиците, но не само на улиците. Ми се чини дека ова е една од фазите на тој граѓански бунт и секое одложување на некое политичко решение за оваа криза, непрогласената вонредна состојба во Србија, може да ја стави целата земја во зголемен ризик од некои посериозни конфликти, кои едноставно можат да завршат со некаков вид трагедија. Пред неколку месеци реков дека најмногу се плашам од 17-тата жртва, односно, покрај 16-те лица кои загинаа во уривањето на настрешницата на несреќата, ако се случи трагичен случај за време на самите протести, тогаш ситуацијата навистина ќе стане исклучително сериозна“, рече Пицула.

Тој нагласува дека до овој момент нема политичко решение на повидок.
„Студентите многу јасно ја артикулираа својата желба да ги распишат изборите што е можно поскоро, меѓутоа, тие едноставно не можат сами да ги распишат изборите, тоа зависи од властите. И таа се двоуми како да чувствува, пред сè Александар Вучиќ, дека изборите од овој момент не се инструментот што му помогна толку многу пати претходно во последните 5-6 години всушност да остане на власт.“

На прашањето дали е можно да се верува во фер избори во Србија во моментов, ако се одржат пред време, Пицула вели дека во моментов има многу аргументи за негативен одговор.

Пицула смета дека Европскиот парламент има континуиран интерес за ситуацијата во Србија.

Пицула изјави дека Европската комисија е таа што навистина одлучува за квалитетот на преговорите со Србија, па затоа она што се кажува таму „навистина има сериозни последици врз патот на Србија кон Европската унија“.

„Долго време, ставот на Европската унија, првенствено на Европската комисија, кон Белград на Вучиќ беше неоправдано мек. Со години, Брисел ги игнорираше сè појасните знаци за зајакнување на автократијата во Србија и поврзаната појава на корупција, слабеењето на институциите на владеењето на правото, како и отфрлањето на фундаменталните вредности врз кои почива европскиот поредок. Да не заборавиме дека ова не беше случајно.

Долго време, Александар Вучиќ имаше и посебна поддршка од истакнати европски политичари кои имаа посебна тежина, пред сè Ангела Меркел, но и од некои други политичари од државите членки на Европската унија. Се надевам дека овој однос малку се менува, бидејќи како што реков, ако она што се случува во Србија речиси една година не се коментира навистина јасно и остро, тогаш не само што патот на Србија кон Брисел ќе биде доведен во прашање, туку и политиката на проширување како таква ќе биде загрозена“, рече тој.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ