Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал координација со координаторите на пратеничките групи по паузата поради одржувањето на локалните избори. Нагласи дека потребни се или измени на Изборниот законик или да се донесе целосно нов закон, информира Гаши на неделниот брифинг со новинарите. Како што потенцира Гаши, на координацијата сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално да се донесат новите законски решенија.
-На координацијата прва по паузата за изборите, разговаравме да се донесе нов Изборниот законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите. Беше проблем, бидејќи со одредбите напишани во 2021 година, две партии имаше само, што не соодветствува со реалноста. Имаше три на власт, три во опозиција. Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде една изборна единица, рече спикерот.
Со измените на Изборниот законик или со новото законско решение треба да се надминат сите проблеми што досега се евидентирани во изборните процеси, без разлика дали се работи за парламентарни, претседателски или локални избори. Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, предвремената кампања, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени, рече Гаши.
Гаши информира дека на координацијата со координаторите не зборувале за Кривичниот законик кој амнестира и ослободува функционери од корупција и од злоупотреба на службената положба и овластувањата.












