• Latest
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025 10:25
in ВЕСТИ, СВЕТ
Скриншот од видео на
Diario AS

Скриншот од видео на Diario AS

Share on FacebookShare on Twitter

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас откако унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал олеснување на мерките за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Минатиот месец, Трамп воведе санкции поврзани со Украина кон руските енергетски компании „Лукоил“ и „Роснефт“, со што се отвори можност за дополнителни санкции кон субјекти од земји што купуваат нафта од нив, пренесе Гардијан. 

Орбан и Трамп се сретнаа во Белата куќа во петокот, на нивната прва билатерална средба откако Трамп се врати на власт. Унгарскиот премиер го објаснил значењето на руската нафта за неговата земја во време кога Вашингтон ја притиска Европа целосно да се откаже од рускиот енергетски увоз.

„Ова прашање е од витално значење за Унгарија,“ рече Орбан, нагласувајќи дека ќе ги презентира „последиците за унгарскиот народ и за економијата“ доколку земјата остане без руска нафта и гас. Трамп, кој се обидува да изврши притисок врз Москва за да го прекине војувањето во Украина, покажа разбирање за ставот на Орбан.

„Го разгледуваме тоа прашање, бидејќи за него е многу потешко да обезбеди нафта и гас од други региони,“ рече Трамп. „Како што знаете, тие немаат пристап до море. Тоа е голема земја, но без пристаништа. А многу европски држави со години купуваат руска нафта и гас – и јас реков: ‘Што е тоа?‘“

Според извор од Белата куќа кој зборувал за „Ројтерс“ по средбата, покрај изземањето од санкциите, Унгарија се обврзала да купи американски течен природен гас (LNG) во вредност од околу 600 милиони долари.

Како што објави „Блумберг“, Орбан понудил и дополнителни гаранции дека ќе купува американски LNG и нуклеарно гориво, со цел да обезбеди изземање од секундарните санкции.

Срдечноста меѓу двајцата лидери беше очигледна – Трамп го нарече Орбан „голем лидер“ и го пречека во Белата куќа на билатерален состанок проследен со заеднички ручек.

Трамп повторно го пофали Орбан за неговата „цврста политика за миграцијата“ и ги повика европските лидери да му покажат „повеќе почит“.

„Мислам дека треба да го почитуваат Унгарија и овој лидер, бидејќи беше во право во врска со миграцијата,“ изјави Трамп.

Орбан, кој во повеќе наврати се соочува со критики од ЕУ поради неговите авторитарни политики, изрази желба да го возобнови планот за самит меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој, според него, би можел да придонесе за крај на војната во Украина. Неговите критичари во ЕУ, пак, го нарекуваат „тројански коњ на Кремљ“.

Извори од Будимпешта за „Гардијан“ велат дека Орбан се надева на посета од Трамп во Унгарија, што би ја зајакнала неговата позиција пред претстојните избори.

Во своето обраќање, Орбан го пофали Трамп и ја нападна претходната администрација на Џо Бајден, нарекувајќи ја „наместена“.

„Тука сме за да отвориме ново поглавје во билатералните односи меѓу САД и Унгарија, бидејќи за време на демократската администрација сè беше наместено,“ рече Орбан, алудирајќи на неоснованите тврдења на Трамп дека изборите во 2020 биле украдени.

„Вие ја подобривте билатералната соработка и го поправивте тоа што беше направено лошо од претходната власт. Сега сме во одлична позиција за да отвориме ново поглавје – да речеме, златна ера меѓу САД и Унгарија,“ додаде тој.

Трамп, кој во САД спроведува остри мерки против миграцијата, повторно ја поврза миграцијата со криминал, иако без докази.

„Погледнете што се случува во Европа со миграцијата. Луѓето ја преплавуваат Европа,“ изјави тој.

Опишувајќи го проблемот во расни термини, Трамп додаде: „Некои земји се веќе непрепознатливи поради тоа што направија. А Унгарија е сè уште препознатлива.“

Орбан ја бранеше својата антимиграциска политика и ги осуди финансиските казни наметнати од ЕУ поради непочитување на заедничките политики.

„Ова е апсурдниот свет во кој живееме во Европа,“ рече Орбан. „Ние сме единствената влада во Европа што се смета за христијанска. Сите други се либерално-левичарски влади.“, пишува Гардијан. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ