• Latest
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

Владите низ Европа и Блискиот Исток забрзано бараат начин да обезбедат непречено функционирање на обемните нафтени операции на рускиот енергетски гигант „Лукоил“, откако Министерството за финансии на САД ја санкционираше компанијата и минатата недела го блокираше клучниот обид за преземање на нејзините средства. Нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 13, 2025 13:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: wikimedia commons

Фото: wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Втората по големина нафтена компанија во Русија која управува со широка меѓународна мрежа што опфаќа нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи, беше ставена под санкции од САД и Велика Британија минатиот месец, со краток рок – до 21 ноември – за прекин на сите постојни деловни односи со компанијата, пренесува Блумберг Адриа.

До минатата недела изгледаше дека постои едноставно решение: трговската енергетска компанија „Гунвор“ (Gunvor Group) се согласи да ги преземе меѓународните средства на „Лукоил“. Но во четвртокот тој процес пропадна кога Министерството за финансии на САД ја нарече „Гунвор“ „марионета на Кремљ“. Компанијата се повлече од договорот, што создаде уште поголема итност да се најде начин за непречено работење на руските средства.

„Во моментов владее вистинска трка да се најде решение како да се управува со прекуморските средства на ‘Лукоил’, особено по одбивањето на американското Министерство за финансии да ја одобри понудата на ‘Гунвор’“, изјави Ричард Бронз, раководител за геополитика во консултантската фирма „Енерџи аспектс“ (Energy Aspects Ltd.). „Иако глобалните пазари на сурова нафта имаат доволна заштита за да апсорбираат какви било нарушувања во снабдувањето, ситуацијата е многу посложена кога станува збор за секторот за рафинирање.“

Во изминатите денови почнаа да се појавуваат првите последици од санкциите.

„Лукоил“ соопшти дека поради санкциите е принуден да ја прекине работата на едно ирачко нафтено поле, кое учествува со околу десет отсто во вкупното производство на земјата, додека две државни компании ги презедоа операциите за да обезбедат континуирано производство.

Во Бугарија властите презедоа чекори за преземање целосна контрола врз најголемата рафинерија во земјата, со цел да го задржат нејзиното работење и да ги заштитат работните места. Во Финска, пак, некои бензински пумпи остануваат без гориво, откако компанија во сопственост на „Лукоил“ престана да прима испораки, јавија локалните медиуми.

Од компанијата „Лукоил“ не одговориле на барањето за коментар испратено надвор од редовното работно време.

Флексибилност

Неколку држави ја притискаат американската влада да издаде лиценца што би овозможила средствата на „Лукоил“ да продолжат да функционираат и по 21 ноември, нешто што администрацијата на Трамп го има дозволено во други случаи со санкционирани руски компании.

Но, доколку овој пат не бидат одобрени продолженија, тоа може да предизвика брановиден ефект врз пазарите на сурова нафта и гориво.

Бугарските власти велат дека водат разговори со Министерството за финансии на САД уште од моментот кога санкциите беа воведени, со цел да се овозможи континуирано работење на рафинеријата во Бургас, која преработува 195.000 барели дневно. Оваа фабрика е најголема во Југоисточна Европа и со години е предмет на обиди за продажба што сè уште не дале резултат.

Во соседна Романија, според лица запознаени со состојбата, властите размислуваат да побараат продолжување на рокот по 21 ноември, иако засега не го направиле тој чекор. Национализацијата на романските средства на „Лукоил“, меѓу кои е и рафинеријата „Петротел“ со капацитет од 50.000 барели дневно, се разгледува само како последна опција.

Во Молдавија, пак, владата планира да купи складиште за гориво од „Лукоил“ за да обезбеди непречено работење на аеродромот во главниот град Кишинев, наведе министерот за енергетика Дорин Жунгиету во објава на Фејсбук минатата недела. Владата исто така побарала исклучок од санкциите што би важел и по 21 ноември.

Владата „води преговори со ‘Лукоил’ за снабдувањето со нафтени ресурси да не биде нарушено“, изјави Жунгиету во понеделникот. „Сега е одговорност на компанијата итно да ги преземе сите потребни активности.“

Причината за загриженост околу снабдувањето со гориво е очигледна, додека референтните цени на суровата нафта во Европа се движат околу 60 долари за барел, дизелот се продава речиси за 95 долари.

Цените нагло скокнаа по воведувањето на санкциите кон „Лукоил“ и „Роснефт“ (Rosneft PJSC), кои беа објавени во периодот кога светските рафинерии традиционално ја намалуваат работата поради годишно одржување. Извршниот директор на „Тотал енерџис“ (TotalEnergies SE) минатиот месец изјави дека цените на нафтата го потценуваат вистинското влијание на ограничувањата.

Постојат и неколку исклучоци од мерките. Трансакциите поврзани со Каспискиот нафтоводен конзорциум (Caspian Pipeline Consortium) во Казахстан добија општа лиценца, со која ограничувањата нема да важат за тие зделки. „Лукоил“ поседува удели во две нафтени полиња во земјата, како и дел од нафтоводот што ја пренесува неговата нафта за извоз.

Сепак, обемот на глобалното присуство на компанијата останува значителен.

Нејзината трговска подружница со седиште во Женева, „Литаско“ (Litasco), веќе ги чувствува последиците од санкциите, бидејќи банките и трговците со суровини престанаа да соработуваат со неа по нивното објавување.

„Лукоил“ поседува и малцински удел во една рафинерија во Холандија. И Владата во Италија, каде што компанијата има околу 50 бензински пумпи, претежно на југот на земјата, внимателно ја следи ситуацијата, велат анонимни извори. Компанијата исто така има договор за преземање дел од горивото произведено во рафинеријата ИСАБ (ISAB) на Сицилија, кое потоа се дистрибуира преку нејзините локални бензински станици.

Иако нема големи нафтени полиња или рафинерии во регионот, брендот „Лукоил“ е присутен и во Северна Америка, со околу 200 бензински пумпи во државите Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија. На веб-страницата на компанијата има оглас за пет нови франшизни локации, за кои понудите треба да пристигнат до 1 декември.

Ова е потсетник дека ризикот за поскапување на горивата сега е поблиску до Вашингтон отколку до Москва.

„Целта е ‘да му се нанесе максимална штета на Путин, но не и на американските возачи’“, изјави Боб Мекнали, претседател и основач на консултантската компанија РЕА (Rapidan Energy Advisors LLC).

„Се сомневам дека Вашингтон ќе му дозволи на ‘Лукоил’ лесно да се приспособи на санкциите, освен ако тоа не доведе до значително намалување на понудата на сурова нафта и нафтени деривати и пораст на глобалните цени.“

ЦИВИЛ неколку пати алармира, но одговор за судбината на македонската подружница – нема

И додека дел од земјите кои имаат подружници на Лукоил преземаат итни мерки со цел да го заштити својот национален енергетски систем и да се усогласи со санкциите на САД, во Северна Македонија, во  подружницата на Лукоил, која во земјава има 550 вработени, 40 бензински пумпи и 10 резервоари, но и во државните институциите задолжени за енергетскиот систем, владее молк по ова прашање. Ниту излегуваат со соопштение за новонастанатата ситуација, ниту одговарат на прашањата за импликациите кои може врз енергетската стабилност на земјата и стабилноста на снабдувањето со гориво која ги засегаат сите граѓани во земјава, а дополнително истото ги загрозува економскиот опстанок на 550 вработени во компанијата и нивните семејства.

Веќе трет ден нема одговор од Лукоил Македонија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на поставените прашања на ЦИВИЛ Медиа за тоа какви импликации ќе има ваквата одлука врз работењето на подружницата на Лукоил во Северна Македонија. Се чини дека состојбата со продажбата на  подружницата на Лукоил во земјава која е во 100% сопственост на LUKOIL International GmbH, е доведена  до цајтнот. Истовремено, во јавноста кружат информации дека „Лукоил“ има лиценца за уште 2 недели, а на бензинските пумпи на компанијата веќе не може да се врши плаќање со платежни картички.

Особено зачудува изостанокот од реакција на државните институции во земјава, ако се има предвид дека Северна Македонија е обврзана да ги почитува санкциите поврзани со тековната војна на Русија во Украина воведени кон рускиот енергетски сектор, со цел лишувањето на Москва од приходи од нафта за да се ограничи нејзината способност да ја финансира својата војна против Украина.

Единствено претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски излезе вчера во јавноста со изјава дека се бара решение за 550-те вработени во подружницата и дека треба да и се даде шанса на „Лукоил“ – Македонија, која, според него, може да снабдува деривати од други земји.

Имав средба со претставникот на „Лукоил“ – Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, „Лукиол“ може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии, изјави Бислимоски.

Регулаторната комисија за енергетика со која раководи Бислимовски, претходно имаше конфронтации со дистрибутерите на нафта, кога во 2024 година излезе со контрадикторен став – призна дека дистрибутерите на нафта имаат зголемени трошоци, кои во иднина нема да им ги признава реално кога ќе ја одредува највисоката цена на бензините, што ги изненади самите компании кои реагираат дека одговорно се однесуваа додека сами на слободен пазар ги формираа цените, па не пресметуваат високи маржи на конечната цена.

Д. Мишев

Tags: подружница Лукоил Македонијапродажба на Лукоил Интернационалсанкции за Лукоил од САД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ