• Latest
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

Бугарија и Романија спроведуваат мерки за преземање контрола врз локалните подружници на руски Лукоил со цел да го заштитат својот национален енергетски систем и да се усогласат со санкциите на САД.

November 12, 2025 12:47
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

По Бугарија, и Романија започнаа да спроведуваат мерки за преземање контрола врз локалниата подружница на руски Лукоил со цел да го заштити својот национален енергетски систем и да се усогласи со санкциите на САД.

Лукоил управува со 320 бензински пумпи во Романија, управува со рафинеријата Петротел (која снабдува околу една четвртина од пазарот на гориво во земјата) и има права за истражување во дел од Црното Море.

Романскиот министер за енергетика Богдан Иван на 11 ноември рече дека Романија нема да бара продолжување на рокот за санкции, додавајќи дека Букурешт ја поддржува примената на неодамнешните мерки на САД.

„Ќе ја поддржам целосната примена на санкциите иницирани од Соединетите Држави на ниво на целата Европска Унија“, истана министерот.

Иван истакна дека Министерството за енергетика подготвува закон за одржување на работењето на рафинериите и стабилноста на снабдувањето со гориво, а воедно да се почитуваат санкциите.

Владата сè уште не разјаснила кој од средствата на Лукоил ќе биде преземен под државна контрола или како ќе се одвива процесот.

Како што објави претходно ЦИВИЛ Медиа, по откажувањето на швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ од купување на меѓународниот бизнис на „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека не е задоволно од договорот, нарекувајќи ја компанијата руска „марионета“, Бугарија започна со спроведување мерки за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, а сега и Романија го следи нејзиниот пример.

И додека дел од земјите кои имаат подружници на Лукоил преземаат итни мерки со цел да го заштити својот национален енергетски систем и да се усогласи со санкциите на САД, во Северна Македонија, во  подружницата на Лукоил, која во земјава има 550 вработени, 40 бензински пумпи и 10 резервоари, но и во државните институциите задолжени за енергетскиот систем, владее молк по ова прашање. Ниту излегуваат со соопштение за новонастанатата ситуација, ниту одговарат на прашањата за импликациите кои може врз енергетската стабилност на земјата и стабилноста на снабдувањето со гориво која ги засегаат сите граѓани во земјава, а дополнително истото ги загрозува економскиот опстанок на 550 вработени во компанијата и нивните семејства.

Веќе втор ден нема одговор од Лукоил Македонија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на поставените прашања на ЦИВИЛ Медиа за тоа какви импликации ќе има ваквата одлука врз работењето на подружницата на Лукоил во Северна Македонија. Се чини дека состојбата со продажбата на  подружницата на Лукоил во земјава која е во 100% сопственост на LUKOIL International GmbH, е доведена  до цајтнот. Истовремено, во јавноста кружат информации дека „Лукоил“ има лиценца за уште 2 недели, а на бензинските пумпи на компанијата веќе не може да се врши плаќање со платежни картички.

Особено зачудува изостанокот од реакција на државните институции во земјава, ако се има предвид дека Северна Македонија е обврзана да ги почитува санкциите поврзани со тековната војна на Русија во Украина воведени кон рускиот енергетски сектор, со цел лишувањето на Москва од приходи од нафта за да се ограничи нејзината способност да ја финансира својата војна против Украина.

Единствено претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски излезе денес во јавноста со изјава дека се бара решение за 550-те вработени во подружницата и дека треба да и се даде шанса на „Лукоил“ – Македонија, која, според него, може да снабдува деривати од други земји.

Имав средба со претставникот на „Лукоил“ – Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, „Лукиол“ може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии, изјави Бислимоски.

Регулаторната комисија за енергетика со која раководи Бислимовски, претходно имаше конфронтации со дистрибутерите на нафта, кога во 2024 година излезе со контрадикторен став – призна дека дистрибутерите на нафта имаат зголемени трошоци, кои во иднина нема да им ги признава реално кога ќе ја одредува највисоката цена на бензините, што ги изненади самите компании кои реагираат дека одговорно се однесуваа додека сами на слободен пазар ги формираа цените, па не пресметуваат високи маржи на конечната цена.


Драган Мишев во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

 

Tags: БугаријаЛукоил Македонијапродажба на Лукоил ИнтернационалРоманијасанкции од САД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ