Украина соопшти дека започнала масовно производство на своите нови домашно развиени дронови-пресретнувачи за зајакнување на воздушната одбрана, објави Гардијан.
Првите три производители започнале со производство, а уште 11 се подготвуваат да постават производствени линии, соопшти Министерството за одбрана во петок.
Дроновите ќе бидат базирани на домашно развиена технологија наречена „Октопод“ за пресретнување на дронови „Шахед“. Таа е тестирана во борба и се покажа дека работи „ноќе, под пречки и на мали надморски височини“, соопшти Министерството.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека целта е да се произведуваат до 1.000 пресретнувачи дневно. Русија постојано го зголемува бројот на дронови што ги користи во еден напад врз Украина.
Д. Т.












