Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, е прогласена за виновна за злосторства против човештвото и осудена на смрт, пренесува Би-би-си.
Специјален трибунал утврди дека таа е одговорна за наредување на насилно задушување на протестите предводени од студентите минатата година, за време на кои ОН проценува дека загинале до 1.400 луѓе, повеќето од огнено оружје од безбедносните сили
Хасина ја нарече одлуката на судот „пристрасна и политички мотивирана“ во соопштение објавено по пресудата. Таа беше судена во отсуство и живее во егзил во Индија откако беше принудена да се повлече од власт
Пресудата ќе ја стави Индија под притисок да ја екстрадира Хасина, најдолгогодишната премиерка во Бангладеш, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи
Безбедноста е засилена низ целиот Бангладеш поради страв од реакција, а некои протести веќе избувнаа утрово.
М. Д.












