• Latest

„Руте: Традиционалните канали за дијалог со Русија се „мртви“, потребени се нови механизми за безбедни преговори

November 25, 2025

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Руте: Традиционалните канали за дијалог со Русија се „мртви“, потребени се нови механизми за безбедни преговори

November 25, 2025 19:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека предложениот мировен план на САД од 28 точки за Украина, може да послужи како основа за преговори.  Но, според Руте, и дека дел од неговите елементи бараат внимателно разгледување. 

Тој посочи дека планот има потенцијалда отвори реален дијалог меѓу САД и Украина, и дека преговорите што се воделе во Женева биле конструктивни и значајни за почетоток на овој процес.  

Руте подвлече дека кој било мировен договор мора да обезбеди дека Русија повеќе нема да ја нападне Украина. Според него, тоа значи дека договорот мора да содржи силни гаранции кои ќе создадат стимул за Кремљ да го почитува постигнатото. Тој го нагласи значењето на безбедносните мерки, појаснувајќи дека успехот на мировниот процес зависи од тоа дали двете страни ќе имаат реална мотивација да го почитуваат договорот. 

Во однос на потенцијалното членство на Украина во НАТО, Руте рече дека тоа во иднина не може да се исклучи, но дека во моментов таквата можност не е на маса, поради тоа што за пристапување е потребен консензус меѓу сите членки на Алијансата, а тој консензус сè уште не постои. 

Руте исто така истакна дека традиционалните структури за дијалог со Русија, како Советот НАТО–Русија и Основачкиот акт од 1997 година, веќе не функционираат поради инвазијата. Тој нагласи дека овие институции практично се „мртви“ и дека светот мора да најде нови механизми за безбедносен дијалог. 

Руте објасни дека планот од 28 точки е „потенцијална основа за дијалог, но некои елементи треба внимателно да се разгледаат“, нагласувајќи дека деталите се критични за да се избегнат конфликти и недоразбирања. 

Тој подвлече дека мировниот договор треба да обезбеди дека Русија никогаш повторно нема да ја нападне Украина, истакнувајќи дека „кога ќе склучите договор, мора да бидете сигурни дека е во интерес на Кремљ да го почитува“.

За пристапот на Украина кон НАТО, Руте рече дека „во моментот тоа не е на маса“, и дека за каква било одлука е потребен консензус, што сè уште е далеку. 

Во однос на дијалогот со Русија, тој објасни дека Советот НАТО–Русија и Основачкиот акт „се мртви откако Путин ја нападна Украина“, што значи дека традиционалните канали веќе не функционираат и светот мора да размислува за нови механизми за безбедносна соработка. 

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ