Во Хонг Конг избувна еден од најсмртоносните пожари во последните децении, кога огромно inferno зафати масивен стамбен комплекс во населбата Тај По. Загинаа најмалку 75 лица, меѓу кои и 37-годишен пожарникар, а повеќе од 200 жители се водат како исчезнати.
Пожарот избувнал околу 15 часот по локално време во Wang Cheong House, една од осумте кули од комплексот Wang Fuk Court, кој бил под реновирање. Бамбусовата скела и заштитната мрежа веднаш се запалиле, а пламенот за неколку минути преминал на соседните згради. Седум од осумте кули биле зафатени од огнот. Пожарникарите изјавија дека екстремно високите температури и паѓачките делови од скелето го попречувале пристапот до заробените станари.
Започната е кривична истрага. Властите се фокусираат на екстремно запалливи полистиренски плочи, пронајдени како го блокираат дел од прозорците, други материјали кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди и реновирањето и бамбусовата скела, која е традиционална, но и лесно запалива
Полицијата уапси тројца мажи одговорни за градежните материјали, под сомнение за „тешка небрежност“.
Во комплексот живееле повеќе од 4.000 станари, голем дел постари лица. Над 100 лица се повредени, меѓу нив најмалку 18 пожарникари, стотици жители останаа без дом, а властите воведуваат програмa „еден социјален работник по домаќинство“ за поддршка на погодените
Пожарите беа ставени под контрола по повеќе од 24 часа борба со огнените јазици, при што биле ангажирани 800 пожарникари, 128 противпожарни возила и 57 амбулантни возила.
Ова е најсмртоносната катастрофа во градот од Втората светска војна. Последната голема трагедија беше пожарот во зградата Garley во 1996 година, кога загинаа 41 лице.
Кинескиот претседател Си Џинпинг и лидерот на Хонг Конг Џон Ли изразија сочувство и повикаа на „целосна мобилизација“ за помош на жртвите и за спречување на поголеми загуби.
извор: Си-ен-ен












