Во голем руски напад врз Украина во текот на ноќта загинаа три лица, а речиси 30 беа повредени, соопштија официјални лица во саботата, а повеќе од 600.000 домаќинства останаа без струја по нападите, објави Ројтерс.
Нападите се случија непосредно пред почетокот на втората рунда мировни преговори, бидејќи обновениот притисок предводен од САД за завршување на војната добива на интензитет оваа недела.
Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека остатоците што паѓаат од пресретнатите руски беспилотни летала погодиле станбени згради, а западниот дел од Кијив останал без струја.
Д. Т.












