• Latest

Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

December 3, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

December 3, 2025 11:13
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во реакцијата на интервјуто на поранешниот претседател проф. д-р Стево Пендаровски за ЦИВИЛ, владејачката ВМРО-ДПМНЕ не полемизира со фактите и аргументите, туку со сопствена конструкција – извадена од контекстот и спротивна на суштината на интервјуто. Се работи за класичен политички спин со кој јавноста се манипулира. Ова соопштение, исто така, претставува учебнички пример за тоа како се креираат дезинформации и лажни наративи.

  • ЛИНК до соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
  • ЛИНК до првиот дел од интервјуто објавено на ЦИВИЛ на кој се однесува соопштението и до ЦЕЛОСНИОТ ТРАНСКРИПТ

СКРИНШОТ:

Скриншот од соопштението објавено на партиската веб страница на ВМРО-ДПМНЕ на 2 декември 2025 година

Што кажа Пендаровски (контекст)

Клучни поенти од одговорот на проф. д-р Пендаровски:

„Кратко и јасно. Македонија е одамна прокси држава… тоа се одвива минимум во последните 7-8 години… ние сме еден од подизведувачите на главниот регионален подизведувач на руски свет… Во Македонија постојат сериозни политички структури… кои мислат дека клучните вредности на ‘рускиот свет’ се подобри за нас од вредностите на евроатлантската алијанса…“

Тоа е анализа – најпрво на геополитичка улога, а потоа и на идеолошката матрица на „рускиот свет“ – без никаква врска со поддршка, партиска позиција или личен интерес.

Клучната реченица што ВМРО-ДПМНЕ ја премолчува гласи:

Пендаровски вели: „…ако велиме дека сме, или – тоа е мојата теза – дека ние полека стануваме и сокреатори на дел од тие главни тенденции кои доаѓаат од северот кај нас, тогаш треба да се постави прашањето за политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот не водат.“

Ова е директна референца на актуелната власт – т.е. ВМРО-ДПМНЕ денес, не на власта од пред неколку години.

Тој го објаснува и концептот „руски свет“ (формализиран во 2007 година, со фондацијата „Руски свет“, говорот на Путин во Минхен и со растот на „суверенистички“ партии). Овде се работи за анализа на идеологија, нема никаква релација со него или со друг ентитет, а ни најмалку дека ја поддржувал.

Понатаму, Пендаровски вели дека:

  • интензитетот на пропагандата нагло се зголемува пред референдумот за името во 2018 година, со создавање на повеќе од 30 нови портали со „клонирани“ имиња;
  • по влезот на Северна Македонија во НАТО, интензитетот на таквите напади се намалува;
  • по почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година, Москва ги пренасочува ресурсите кон оправдување на војната, додека во регионот остануваат регионални прокси-играчи.

Никаде не вели: „Ние создадовме проруско влијание“. Тој опишува структурен процес и регионална мрежа на влијание.

Што прави ВМРО-ДПМНЕ во својот спин?

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ (масовно пренесено од провладини медиуми) се тврди дека:

„…она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ…“ (News Network) и потоа сугерира дека ако тој зборува за зголемено влијание во тие години, тие (СДС, ДУИ, Пендаровски) го создале или овозможиле тоа влијание.

Тоа е класичен пример на:

Лажна дихотомија – како да постоjат само две можности:

  • или нема проруско влијание;
  • или, ако го има, тогаш тоа е „доказ“ дека претходната влада била проруска.

Тоа целосно го игнорира фактот дека руските и српските операции функционираат и против влади кои формално се про-ЕУ и про-НАТО.

Со други зборови, Пендаровски прави разлика меѓу:

  1. долготрајниот процес на руско влијание и хибридни операции во земјата (минимум 7–8 години), и
  2. актуелната фаза, во која од дел од политичките елити – денес на власт – гледа опасен поместување од позиција на „таргет“ кон позиција на „сокреатор“ на агендата на „рускиот свет“.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, оваа разлика намерно се брише. Наместо да се соочат со анализата – зошто токму сега, во последната година и половина, се отвора дебата за политичките структури што ги сметаат вредностите на „рускиот свет“ за „подобри“ од евроатлантските – од ВМРО-ДПМНЕ му припишуваат на Пендаровски нешто што тој не го кажал: дека наводно тој, заедно со СДС и ДУИ, „создале или овозможиле“ проруско влијание.

Тоа е класичен политички спин:

Лажен аргумент (strawman)

Се напаѓа извитоперена верзија од тезата, а не она што навистина е кажано. Односно, му припишуваат тврдење кое не го кажал: дека „СДС/ДУИ создадоа проруско влијание“. Тој зборува за руско влијание преку хибридни операции, не за про-руска влада.

Фалсификуван контекст

Се користи бројката „7 години“ како партиски куршум, а се премолчува дека Пендаровски зборува за интензитет на хибридни операции, не за политичка ориентација на владите.

Избегнување одговорност

Иако во интервјуто јасно се поставува прашањето за „политичкиот и стратешкиот легитимитет на елитите кои во моментот не водат“, владејачката партија се преправа дека тоа не се однесува на нив, туку ја префрла целата дебата назад, кон претходната власт.

Врамување во нарација

Во соопштението се избришани клучните реченици од одговорот – каде тој токму за сегашните елити го поставува прашањето за политички и стратешки легитимитет – и се заменети со партиска конструкција која сугерира самообвинување.

Изоставување на медиумот и контекстот

Во соопштението воопшто не се споменува ЦИВИЛ како медиум на интервјуто, што:

  • ги лишува читателите од пристап до целосниот контекст,
  • е обид да се дискредитира пораката, а да се избегне соочување со прашањата и фактите што ги отвора интервјуто.

Наместо да ги охрабрат граѓаните да го прочитаат целосниот разговор и сами да проценат, владејачката структура се обидува да ја затвори дискусијата во партиски рамки, контролирајќи ја нарацијата преку селективни цитати и соопштенија.

Да се анализира руското влијание и концептот „руски свет“ не значи да се биде „про-руски“; тоа значи да се извршува основна демократска должност – да се именуваат ризиците и да се бараат контра-стратегии. Наместо да одговорат на овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ избира да пука во гласникот и да ја замени аргументираната анализа со набрзина скроена партиска етикета.

Граѓаните имаат право да знаат што навистина е кажано.

Затоа ги повикуваме сите да го прочитаат целото интервју со проф. д-р Стево Пендаровски и сами да проценат: дали се работи за „про-руска нарација“, или за тревожно, но неопходно предупредување за состојбите во кои се наоѓа државата – особено денес.

Џабир Дерала
во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани



ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ