Државната изборна комисија на денешната седница го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.
Според ждрепката, ВРЕДИ ќе настапи под реден број 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ под број 2, НАИ под број 3, коалицијата предводена од СДСМ под број 4, група избирачи – Зулхајрат Демири под број 5 и Демократската партија на Турците во Македонија под број 6.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека општинските изборни комисии претходно ги потврдиле листите, а Комисијата донела одлука и за објавување на описите на избирачките места, како и за едукација на избирачките одбори, согласно законските обврски.
ДИК најави дека навремено ги спроведува сите подготовки за организација на повторените избори, а и наредната седница ќе биде јавна.