Американската војска спроведе напад врз уште еден наводен брод за трговија со дрога во источниот Тихи Океан во среда, при што загинаа 4 лица, според Јужната команда на САД, пренесува Си-ен-ен.
„На 17 декември, по наредба на @SecWar Пит Хегсет, Заедничката работна група Southern Spear спроведе смртоносен кинетички напад врз брод управуван од назначена терористичка организација во меѓународни води“, напиша SOUTHCOM на X.
SOUTHCOM додаде дека ниту еден припадник на американската војска не е повреден во нападот.
Нападот од среда е втор оваа недела, откако САД нападнаа три наводни бродови за трговија со дрога во источниот Тихи Океан во понеделник, при што загинаа 8 лица.
М. Д.












