Насилни протести избувнаа во Бангладеш по смртта на лидерот на младинските протести Шариф Осман Хади, истакната личност во востанието што го собори поранешниот премиер на земјата, Шеик Хасина, во 2024 година, пренесува Би-би-си.
Хади почина во болница во Сингапур синоќа, една недела откако беше застрелан од маскирани напаѓачи во Дака
Тој планираше да се кандидира на изборите во февруари, првите откако Хасина беше отстранета од функцијата
Преку ноќ, демонстрантите ги вандализираа и запалија канцелариите на истакнатите бангладешки весници „Дејли Стар“ и „Протом Ало“.
Протестите продолжуваат денес, а се очекува останките на Хади да бидат вратени во Дака од Сингапур во 18:00 часот по локално време (12:00 часот по Гринич).
Нобеловецот Мухамед Јунус, кој ја предводи привремената влада на земјата, ја нарече смртта на Хади „непоправлива загуба за нацијата“.
М. Д.












