• Latest
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Кадровски промени во Владата: Хоџа за животна средина и Сали за евроинтеграции

December 24, 2025

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кадровски промени во Владата: Хоџа за животна средина и Сали за евроинтеграции

December 24, 2025 15:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции.

– Денес пред вас го ставам предлогот за избор на двајца министри со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работа, на клучни ресори од извршната власт, рече Мицкоски.

За Хоџа рече дека кандидатот располага со долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, дека е со ангажмани во повеќе институции со раководни позиции кои подразбираат одговорност, координација и работа во сложена административна и институционална средина.

– Неговото досегашно професионално искуство обезбедува познавање на процедурите, меѓуинституционална соработка и потребата од усогласување на различни јавни политики. Министерството за животна средина и просторно планирање, има важна улога во креирањето и спроведувањето на политики поврзани со одржливиот развој, националното користење на просторот и заштитата на животната средина. За овој ресор е потребен пристап кој што ќе се темели на законитост, институционална стабилност и континуитет во работењето,  што сметам дека кандидатот може да го обезбеди, рече Мицкоски.

За Беким Сали рече дека имал претходно искуство како министер, како и тековен ангажман во законодавната власт, што му овозможува јасно разбирање на односите помеѓу извршната и законодавната власт, и начинот на функционирање на државните институции.

-Ова искуство е особено значајно за Министерството за европски прашања кое има координативна улога во процесите поврзани со европската интеграција и реформските обврски на државата. Ресорот европски прашања бара систематска работа, усогласување на институциите, и следење на обврските што произлегуваат од националните и европските документи. Очекувањето е дека кандидатот ќе придонесе кон поефикасна координација и институционален пристап во овие процеси, рече премиерот Мицкоски.

Владата што ја води, како што кажа, станува посветена на одговорно, транспарентно и законито вршење на својата работа.

-Наш приоритет е стабилно функционирање на институциите, доследно спроведување на реформите, и создавање услови за подобар квалитет на живот на граѓаните. Секој член на Владата има јасна обврска да работи професионално, отчетно и во рамките на Уставот и законите, со цел да  се обезбеди доверба во институциите и континуитет во државните политики, рече Мицкоски.

Од предложените кандидати, додаде премиерот, се очекува своите функции да ги извршуваат професионално, во согласност со Уставот и законите, и во рамки на надлежностите утврдени со закон.

За работата Сали и на Хоџа зборуваа нивните партиски колешки Имерлие Фетаи Салиу и Саранда Имери Стафани, а поддршка за нив искажа и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Претходно Собранието го разреши Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања.

Халил Снопче, од АА рече дека се поставува прашањето зошто Муртезани се разрешува, а не си поднесе оставка, ако има договор. Смета дека ова е порака од Муртезани дека ова не е негов неуспех, туку на Владата.

Според пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ неспособните министри остануваат во Владата, а ова е политички театар за да се скријат неуспесите во евроинтеграциите. Тренчевска ја критикуваше Владата која според неа не спроведува реформи и има економски неуспеси, цените растат, а платите не се зголемуваат.

Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

На дневен ред на 75. седница се и повеќе закони и одлуки во редовна и скратена постапка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ