Поранешниот министер за правда и партиски функционер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, реагира дека по неговата објава во која укажува на, како што вели, системска дискриминација на Албанците во Шумската полиција, се појавиле десетици коментари со говор на омраза и етничко омаловажување.
„Во 30 шумски полициски станици нема ниту еден командир или заменик-командир Албанец. За употребата на албанскиот јазик воопшто не се ни зборува. Ова не е реформа, туку отворена дискриминација и институционално чистење“, наведува Лога.
Тој посочува дека продолжуваат разрешувањата и деградирањата на Албанци од раководни функции, кои се заменуваат со македонски кадри. Како последни примери ги наведува разрешувањата на Амир Елези, Шабани Насуфи и Али Исени, кои, според него, биле деградирани или заменети со македонски кадар.
Лога бара одговорност, транспарентност и итен прекин на, како што вели, систематското деградирање на Албанците во државните институции.
Лога на Фејсбук објави дека по неговата објава во која укажува на, како што вели, системска дискриминација на Албанците во Шумската полиција, се појавиле десетици коментари со говор на омраза и етничко омаловажување.
„Индигниран сум што под моја објава, во која укажував на системската неправда во владеењето, се појавија коментари исполнети со говор на омраза и етничко омаловажување од страна на сограѓани. Ова не е изолиран инцидент, туку последица на опасна поларизирачка клима, поттикната од исклучувачки политички дискурс и недостиг од институционална одговорност“, напиша Лога.
Во продолжение објавуваме само неколку коментари:
„Дивото племе треба да се чисти, нетепани плачете вечно жртви изигравате, а бескорисни сте“.
„Македонија на Македонците“.
„Абе кловнови сте вие кај па уште и неписмени не знаете едни документи да пополните уште барате и стручни лица на тие позиции абе вие дали сте крстени бе живи неписмени сте сите до еден“…






Лога дополнува дека дел од навредливите коментари биле избришани, а профилите кои ги објавиле биле блокирани.
Д. Муратов












































