• Latest

„Дивото племе треба да се чисти“ – говор на омраза по објавата на Лога за дискриминација на Албанците во Шумска полиција

January 19, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

„Дивото племе треба да се чисти“ – говор на омраза по објавата на Лога за дискриминација на Албанците во Шумска полиција

January 19, 2026 12:05
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот министер за правда и партиски функционер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, реагира дека по неговата објава во која укажува на, како што вели, системска дискриминација на Албанците во Шумската полиција, се појавиле десетици коментари со говор на омраза и етничко омаловажување.

„Во 30 шумски полициски станици нема ниту еден командир или заменик-командир Албанец. За употребата на албанскиот јазик воопшто не се ни зборува. Ова не е реформа, туку отворена дискриминација и институционално чистење“, наведува Лога.

Тој посочува дека продолжуваат разрешувањата и деградирањата на Албанци од раководни функции, кои се заменуваат со македонски кадри. Како последни примери ги наведува разрешувањата на Амир Елези, Шабани Насуфи и Али Исени, кои, според него, биле деградирани или заменети со македонски кадар.

Лога бара одговорност, транспарентност и итен прекин на, како што вели, систематското деградирање на Албанците во државните институции.

Лога на Фејсбук објави дека по неговата објава во која укажува на, како што вели, системска дискриминација на Албанците во Шумската полиција, се појавиле десетици коментари со говор на омраза и етничко омаловажување.

„Индигниран сум што под моја објава, во која укажував на системската неправда во владеењето, се појавија коментари исполнети со говор на омраза и етничко омаловажување од страна на сограѓани. Ова не е изолиран инцидент, туку последица на опасна поларизирачка клима, поттикната од исклучувачки политички дискурс и недостиг од институционална одговорност“, напиша Лога.

Во продолжение објавуваме само неколку коментари:

„Дивото племе треба да се чисти, нетепани плачете вечно жртви изигравате, а бескорисни сте“.

„Македонија на Македонците“.

„Абе кловнови сте вие кај па уште и неписмени не знаете едни документи да пополните уште барате и стручни лица на тие позиции абе вие дали сте крстени бе живи неписмени сте сите до еден“…

Тој предупредува дека нормализацијата на ваквиот говор ги нарушува уставните вредности, соживотот и демократскиот поредок, нагласувајќи дека политичката критика е демократско право, но говорот на омраза не смее да се толерира.

Лога дополнува дека дел од навредливите коментари биле избришани, а профилите кои ги објавиле биле блокирани.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ