ДРАГАН МИШЕВ
На светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, меѓу останатите небулозни тврдења во неговиот говор (ако не и целиот) американскиот претседател Доналд Трамп, во обид да ја понижи Европа и сојузниците, користејќи референца за Втората светска војна за да го оправда својот постојан интерес за окупирање на Гренланд. ќе изјави:
„По војната, која ние ја добивме, ја добивме со голема победа, без нас, во моментов, сите ќе зборувавте германски и можеби малку јапонски.“
Trump in Davos, Switzerland:
“Without us, right now you’d all be speaking German”.
German is the main language of Switzerland. pic.twitter.com/gp7nAQXwi4
— Adam Schwarz (@AdamJSchwarz) January 21, 2026
Трамп ова го изјави во Швајцарија, додека на настанот присуствуваа и претставници на Германија и Австрија. И во трите земји се зборува германскиот, како официјален јазик.
Во целото негово епохално географско/историско непознавање, Трамп (кој за себе вели дека има дел германско потекло) не го зема предвид настанот од американската историја од 1795 година, кога група германско-американци поднесоа петиција до Конгресот да ги печати федералните закони и на англиски и на германски јазик, а паралелната употреба на германскиот јазик од администрацијата наСАД беше избегната по гласањето (не за германски): откако Претставничкиот дом дебатираше за ова, а предлогот беше отфрлен со еден глас (42-41), и предлогот за печатење закони на германски јазик никогаш не беше гласан, а прашањето беше отфрлено.
Упорен во наметнување на своето сфаќање на историјата, ова не е прв пат Трамп да се послужи со истата референца, претходно кажувајќи им на Французите дека благодарение на САД, тие сега зборуваат француски, а не германски, заборавајќи дека да не беше Франција сега немаше да постојат Соединетите американски држави, секако не во ваква форма.
Имено, Франција беше клучна во победата во Американската револуција со обезбедување витална финансиска и материјална помош, оружје, војници и поморска моќ, претворајќи го колонијалниот бунт во глобална војна што ги исцрпи британските ресурси, и на крајот доведе до одлучувачката француско-американска победа кај Јорктаун и обезбедување на американската независност преку политички легитимитет. Без француска поддршка, американските колонии веројатно не можеа да победат.
Во врска со делот од изјавата каде Трамп споменува „зборувањето по малку јапонски, Европа не беше во опасност, напротив, постоеше фиктивна опасност јапонскиот јазик да се зборува во САД, доколку Јапонија победеше во војната откако ги нападнаа Соединетите држави во Перл Харбор, поради што САД и влегоа во Втората светска војна, инаку можеби никогаш немаше да влезат,
Победата над Оската заеднички ја извојуваа Сојзниците: Обединетото Кралство, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Советскиот Сојуз и другите сојузнички земји на кои им се придружи САД за заеднички да стават крај на Втората светска војна. Несомнено, САД дадоа огромен придонес во победата во Втората светска војна, но тоа не му дава право на Трамп да ги минимизира жртвите и улогата на Сојузниците и да ја присвојува побетата.
Всушност, да не беше Европа, САД денес воопшто немаше да постојат, ниту ќе се зборуваше англиски. Пред доаѓањето на Европејците, на територијата на современите САД се зборуваа бројни домородни јазици, вклучувајќи навахо, черокиски, хопи, чокто и лакота…
ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.














































