• Latest

Проблемите на Ромите не го интересираат градоначалникот Ристески!

May 11, 2017
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проблемите на Ромите не го интересираат градоначалникот Ристески!

May 11, 2017 16:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на „Три Багреми“ и на дел од „Дебарца“ во Прилеп, немаат пристат до јавните услуги, зашто овие населби не се дел од ДУП или ГУП. Домовите изградени на карпите, имаат влага  и оштетување на ѕидовите, особено куќите што се наоѓаат покрај каналот за атмосферска канализација во „Дебарца“. Реонот околу Дабничка река има огромни пречки со приклучокот до електричната мрежа, па дел од „Три Багреми“, нема соодветен и легален пристап. Ноќе, нема доволно улично осветлување, хигиената е на ниско ниво, отпадот не се собира редовно, нема ни улични контејнери, а граѓаните немаат пари да купат канти од ЈП „Комуналец“. Поради ова, жителите, особено децата, често се изложени на заразни болести.

Населба „Тризла“ Прилеп

Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат жителите на населбата „Тризла“ во Прилеп, поделена на четири дела: „Ново Село“, „Мексико“, „Дебој“ и „Три Багрема“. Проблемите и решенијата се опфатени во Посебната студија за домување на Ромите во општина Прилеп, којашто невладината „Рома С.О.С.“, во партнерство со „Хабитат-Македонија“ и Националниот демократски институт, ја изработи теренски, со вклученост  на 600 домаќинства од населбата.

„Да се ‘дегетоизира’ населбата ‘Тризла’, односно да се инвестира во градба на станбени згради или индивидуални објекти за живеење на ромските семејства во ризик, во предели каде Општината има создадено услови за домување и пристап до јавни услуги. Да се постават јавни контејнери низ населбата, со приоритет на главните улици, со што ќе се овозможи подобра општа хигиена за жителите“, порача меѓу другото, Несиме Салиоска, од „Рома С.О.С.“.

Но, барањата адресирани до Општината и до јавните претпријатија, не можеше да ги чуе градоначалникот Марјан Ристески, затоа што откако дојде со задоцнување и даде изјава за медиумите, веднаш замина, пред да почне дебатата за проблемите со кои се соочува ромската популација во Прилеп.

Сепак, тој не пропушти да го пофали Законот за легализација на дивоградби, а најави и нови проекти за населбата „Тризла“.

„Приоритет на локалната самоуправа беше секако да го подигне образованието, а ОУ ‘Добре Јованоски’ не беше реконструирано откако е направено, така што се вложени, да не речам, повеќе од  милион евра во неговата реконструкција“, рече градоначалникот Ристески.

Според него, субјективен впечаток на екипата на ЦИВИЛ Медиа е дека населбата „Три багреми“ се соочува со тешки проблеми и дека жителите од таа населба реагираат и се жалат дека политичарите ги посетуваат само за време на избори.

„Тоа е ваше лично размислување. Ниту сум ветил, значи, тоа е ваше размислување, има кој да пренесе. И да напоменам дека на оваа средба очекував многу повеќе од ромската популација, така што на наредна средба што ќе ја имаме организирано, ќе се заклучат сите овие проблематики, и што може локалната самоуправа во законските можности и финансиските средства да ги реши. Досега само за ваше потсетување во населбата ‘Тризла’ се реализирани повеќе милиони евра, визави реализација „0“ во минатиот период“, рече Ристески.

Незадоволни што градоначалникот не остана да ги чуе проблемите, реагираа и дел од малкуте присутни граѓани – Роми на настанот. А, претставниците од СДСМ во општинскиот Совет и во Собранието на Македонија, упатија отворени критики против Ристески.

„На вакви скандалозни однесувања на градоначалникот сум навикнат, можеби за вас е ова новина, да се појави со 20 репортери и со 20 камери, да биде евидентирано неговото присуство и декларативно искажаната желба да помогне на Ромите во Прилеп, а потоа, заедно со Ромите, да го снема. Мене ме интересира кој од медиумите, сега го следи настанот? Не сакам да ја политизирам средбата, но ако е некој најодговорен за оваа состојба, тоа е локалната самоуправа, која 12 години е на власт“, рече Сашо Велески, советник од СДСМ.

Пратеничката од истата партија, Кети Смилеска ги подели искуствата со жителите на „Тризла“.

„Сум се соочила со проблемите на Ромите во ‘Тризла’, зашто таму живеам и знам како им  е на сите жители во ‘Тризла’ да се идентификуваат, да ги кажат проблемите, и уште повеќе како е, кога нема да наидат на разбирање. Во ‘Декадата на Ромите’ беа декларативно насочени проблемите, онака како што и денеска се појави претставникот – првиот човек на локалната самоуправа“, рече Смилеска.

А, со жителите на населбата „Тризла“, особено со жителите на најкритичниот дел од населбата викана „Три багрема“, екипа на ЦИВИЛ Медиа разговараше во ноември минатата година.

Еве, на што точно тогаш се жалеа жителите на оваа населба.

И денеска, во разговор со дел од жителите, тие ги повторија своите барања. Иако во 21 век, живеат живот како во времеплов, што застанал во период пред урбанизацијата на човештвото.

Моника Талеска

Tags: „Тризла“ „Три багреми“дискриминацијаМарјан Ристескиправо на домувањеПрилепреакцииРомиСовет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ